Разгледување и усвојување на Препораки до Управата за јавни приходи во врска со постапувањето при утврдување на даночни обврски за граѓани ангажирани во високоризични и воени зони (Ирак и Авганистан) е прва точка на дневниот ред предложен за шестатата седница на Советот на Општина Куманово која ќе се одржи на 25 месецов.
На седницата ќе биде презентирана и информацијата за превземени мерки и активности во текот на 2025 година на Полициската станица од општа надлежност Куманово, а ќе се разгледуваат и годишниот извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2025 година и Програмата за работа на ТППЕ Куманово во 2026 година.
Една од точките е и предлог – одлуката за изменување на Одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ЈОУДГ „Ангел Шајче“- Куманово и износот на надоместокот на трошоците за престој во установата што паѓа на товар на родителите. Во случајов, се предлага зголемување на цените на услугите за околу 35 проценти.
Советниците ќе имаат можност да расправаат и за извештајот за реализирани активности во 2025 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, но и за предлог – програмата на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и (ЛЕР) за 2026 година, како и за кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2025 година и Буџетски календар за 2026 година.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус, со почеток во 10 часот.