Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчера околу 16 часот 42-годишен жител на селото Алгуња, пријавил дека во основно училиште во општина Старо Нагоричане неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од истото училиште.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.