Се одбележува „Недела на детето“

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска организираше свечен прием за децата и преставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата, во рамки на одбележувањето на годинешнава Детска недела под мотото „Децата прашуваат“. На приемот, градоначалникот Дамјановски информираше дека  во изминатиот период општината, вложила во инфраструктурни проекти, спортски сали, детски игралишта, пливачките базени, атлетскиот полигон.

-Сме посветени во насока на тоа да направиме подобри услови за образвониот процес, со енергетските фасади, промена на самите прозорци, санитарни чворови . Не успеавме да го постигнеме целиот потенцијал што е потребен меѓутоа сукцесивно според приортитетите и работиме на таа агенда. Се надевам во најскоро време ќе ги затвориме отворените прашања во самите училишта бидејќи ние имаме 22 училишта заедно со музичкото и некаде околу над 30 објекти така што тоа е еден голем габарит и подлежи на постојана интеревенција-истакна првиот човек на Куманово.

Тој потенцираше дека и во иднина ќе бидат посветени за подобрување на условите во градинките, дневните центри и слично и на тој начин да го олеснат процесот на образование и воннаставните активности.

-Треба да ги слушаме децата, нивните желби, за да го постигнат она што е убаво за нив. И нашето општество, ние како возрасни постојано треба да се грижиме за децата и да ги развиваме нивните потенцијали. Според нашата програма  во рамките на детска недела покрај оваа активност имаме промоција на детска стихозбирка „Детски лирски треперења тоа е една активност која што се реализира на ниво на државата во Охрид во месец мај, нашите училишта учествуваат со свои литературни творби и тие се ставени во оваа детска стихозбирка. Оваа година домаќин на оваа активност ќе биде ОУ 11-октомври –изјави претседателката на Здружението за грижи и воспитување на децата, Виолета Стошевска.

Со свечени манифестации во училиштата и градинките во петок, на последниот ден од одбележувањето на Детската недела, децата од предучилишните установи и нижите одделенија, ќе станат членови на детската организација

 

 

 

Коментари

коментар(и)