Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден двапати интервенирале на локацијата т.н. Парамкови ниви, во близина на Спомен костурницата каде што била опожарена сува трева. По првата успешна интервенција напледне, пожарот повторно се активирал и бил пријавен по 22 часот, а целосно бил ликвидиран во 01:25 часот по полноќ, информираат надлежните од Регионалниот ценатр за управување со кризи.
Пожарникарите вчера попладне интервенирале и на улицата „Драги Шутевски“ бр.23, соопштија надлежните.