Министерот Спасовски во посета на СВР Куманово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во работна посета на СВР Куманово, при што беше информиран за безбедносната состојба во градот и состојбата во секторот.  Средбата е дел од низата посети, кои што се планирани за сите сектори за внатрешни работи во Република Македонија, со цел да се одговори на задачата да се сочува мирот и безбедноста и да се обезбедат услови за фер и демократски избори. Спасовски истакна дека СВР Куманово има особено значење бидејќи се наоѓа во кризно подрачје поради мигрантската криза.

-Овде е еден од секторите во кој функционира позорната служба иако на многу малку реони и за тоа разговаравме како да се подобри тој сегмент, а ќе се подобри со повеќе луѓе полицаијци потребни во сите сектори за внатрешни работи во Република Македонија и на тој начин успешно да можат да функционираат сите служби. Заклучокот е дека состојбата во општина Куманово безбедносна е стабилна и мирна, граѓаните треба да бидат спокојни во овој дел, затоа што секторот е во кондиција и во добра соработка за да се одржи оваа состојба-нагласи Спасовски.

Посочи дека секторот се соочува со исти проблеми како и Mинистерството за внатрешни работи. Нагласи дека е потребно вработување на нови полицајци, бидејќи потполнетоста не е на завидно ниво, исто како и материјално технички средства и опрема.

-Во Куманово нема двојно раководство како што нема во ниту еден од секторите за внатрешни работи ниту во министерството за внатрешни работи постои закон за измени на законот за влада во кој што се дефинирани односите помеѓу началникот и дополнителниот заменик началник денеска на средбата сите заеднички се договоривме како понатаму да работиме и тоа се само муабети веројатно кои што се шират во јавноста меѓутоа не соодејствуваат со реалноста-истакна тој.

Министерот за внатрешни работи додаде дека  дополнителен проблем за СВР Куманово е начинот на функционирање на крим техниката.

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)