Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и в.д.директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Томиќ денеска извршија увид во градежните работи што се изведуваат во рамките на проектот за целосна реконструкција на градската капела.
Проектот во вкупна вредност од 36 милиони денари е поддржан од Министерството за транспорт и врски.
Дополнително, надлежните упатија повик до граѓаните за учество во акцијата за чистење на градските гробишта пред празникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица.