Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера гаснела опожарена сува трева во кумановското село Косматац. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите интервенирале во временскиот период од 16.25 часот до 20.40 часот.
Пожарникарите од Куманово вчеравечер интервенирале и во липковското село Слупчане, каде што биле опожарени плевна и стара, напуштена куќа, пишува во дневниот билет на РЦУК.