Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчера околу 12 часот во полицијата е пријавено дека на ул.„Лесковачка“, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки удрило во 79-годишната В.Д. од Куманово, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Според соопштението на СВР Куманово, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.