„Градежната дозвола за новата детска градинка е издадена, се очекува следниот владин повик на кој проектот ќе биде аплициран“, истакна градоначалникот Максим Димитриевски, одговорајќи на новинарско прашање.
Во градинката „Ангел Шајче“ секоја година се бара место повеќе поради што се прават планови за дополнителни капацитети. Во сите објекти на јавната општинска установа во новата воспитно-згрижувачка година запишани се 1.727 деца, а дневно престојуваат околу 1.300 дечиња, информираат надлежните.
– Отпочнавме разговори со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Општина Куманово, за да се обидеме сите слободни капацитети во основните училишта на територијата на општината да бидат преадаптирани во дневни центри за престој на ученици и дополнително да се зголемат капацитетите на детската градинка- изјави Димитриевски.