Силна поддршка од љубителите на комедијата за премиерната изведба на кумановската претстава „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов со која вчеравечер започна 29-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2026“, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Наградата „Васил Иљоски“ за високи достигнувања во театарската уметност, во областа на комедијата му беше врачена на актерот Игор Џамбазов, кој во своето обраќање истакна дека за него, наградата има особено значење и поради тоа што го носи името на Васил Иљоски, кого лично го познавал.

На сцената на Центарот за култура до петти октомври ќе се одиграат вкупно 11 претстави на театрите од Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Бугарија, а десет од нив ќе се натпреваруваат за една од повеќето награди по категории кои ги доделува организаторот на фестивалот, НУЦК „Трајко Прокопиев“- Куманово.
Фестивалот за отворен го прогласи претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.
Претставата „Смрт на погребот“ е уште еден доказ дека хуморот, одличната изведба, интерактивноста и динамичноста на актерката екипа од Театар Куманово може до солзи да ја насмее публиката во големата сала на Националната установа.
Фестивалската програма, поддржана од Министерството за култура и туризам , Општина Куманово и општествено -одговорни компании продолжува вечерва со претставата „39 степеника“ од Народно позориште „Источно Сарајево“, Босна и Херцеговина.
Сите претстави ќе се играат со почеток од 20 часот.
Видеото од прилогот по вестите во 18 часот.