Нов голем успех за ТК Тумба Куманово, откако десетгодишната тенисерка Гала Трајковска стигна до титулата на турнир во портокалов тенис кој на 26 и 27 септември се одржа во организација на ТК МТП – Скопје, кој воедно беше и домаќин на турнирот.
„Гала настапи во конкуренција на девојчиња, во финалето ја совлада Кaja Радески од ТК Југ со 2-1 во сетови. Со одлична игра и максимална концентрација, Гала Трајковска го освои првото место во групата, со што обезбеди пласман во завршницата и продолжи кон борбата за титулата. Овој успех е уште една потврда за одличната работа во ТК Тумба Куманово, каде младите тенисери чекор по чекор го покажуваат својот потенцијал и напредуваат на турнирите. Свој солиден настап на турнирот имаа нашите членови Лорена Јовчевска и Јаков Петковски“, изјави Далибор Димковски, тренер на ТК Тумба Куманово.
Видеото со изјавите од младата тенисерка Гала Трајковсака и тренерот Далибор Димковски, по вестите во 18 часот.