Во големата сала на Центарот за култура вечерва од 20 часот ќе се одигра претставата „Сладолед за жени“ на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип и Театар Штип во рамките на 29 -то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2026“. Комедијата е во режија на Никола Ристов.
Вчеравечер публиката имаше можност да ужива во изведбата на претставата „Кревет за двајца“ на Сатиричниот театар „Алеко Костантинов“ од Софија, Бугарија. Станува збор за претстава во режија на Калин Срменов, а во која играат Александра Срчаџиева, Николај Луканов, Јавор Борисов и Стела Ганчева.
Утревечер, пак публиката ќе ја проследи претставата на Албански театар Скопје „ Првиот господин“ во режија на Фатос Бериша.
Во фестивалската програма се десет театарски претстави од Македонија и од земјите од регионот. Ќе бидат доделени награди во повеќе категории, меѓу кои за најдобра претстава, режија и актерски остварувања. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово, во режија на Владимир Николовски.