Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека полициски службеници вчера лишија од слобода 49-годишен кумановец затоа што физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи соопшти дека вчера во полицијата од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 58-годишен кумановец. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при извршување работни задачи во фабрика на улицата „11 Ноември“ во Куманово. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.