Општина Куманово и оваа година ќе ја додели традиционалната „Ноемвриска награда“, која се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници кои со своето работење и дејствување постигнале особено остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.
За наградата може да бидат предложени дела и постигнувања кои се достапни на јавноста до 11 октомври во тековната година.
Крајниот рок за доставување на предлозите е 31 октомври 2026 година.