Општина Куманово ги известува граѓаните дека во периодот од 5 до 7 октомври годинава, од 08 до 16 часот ќе се одвива дератизација против глодари и третман против црна бубашваба, во канализационата мрежа на територија на Општина Куманово. Во процесот на дератизација ќе се користи препаратот deration parafinato и препаратот cymina plus за третман против бубашваби.
Доколку временските услови нема да бидат соодветни за извршување на предвидените активности, третманите ќе бидат одложени за нареден период, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат надлежните.