Општина Куманово продолжува со градежните активности на улицата „Индустриска“.
Според објавата на градоначалникот Максим Димитриевски активно се работи на гребење на стариот асфалтен слој и изградба на пешачка патека.
Проектот предвидува целосна обнова на коловозната површина, изградба на нови тротоари, поставување бетонски рабници, нов тампонски слој и асфалтирање во повеќе слоеви. Предвидено е и решавање на одведувањето на атмосферските води преку нов систем за одводнување и поставување сливници. За реализација на реконструкцијата е склучен договор во вредност од околу 75,8 милиони денари со вклучен ДДВ.