Претставниците на Евро-атланскиот совет на Македонија денеска пред кумановската јавност ги презентираа резултатите од истражувањето на тема „Влијанието на евро – атлантските интегративни процеси врз меѓу – етничките односи во Република Македонија“. 84 проценти од граѓаните се изјасниле дека евроатлантските интеграции позитивно влијаат врз меѓуетничките односи, вели претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани.
– Дефинитивно сме убедени дека политичките структури , политичките елити ќе мора да одговорат на волјата и желбата на граѓаните дека евро-атлантските интергации треба интензивно да влијаат во подобрување на меѓуетничките односи. Ако е тоа волја на граѓаните тоа значи дека треба да градиме стабилни институции, стабилна држава, независни медиуми, независно судство, изјави претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани.
Куманово е град кој што покажа најголема доблест во поглед на меѓуетнички соживот и поддршка.
-Сведоци сме на минатогодишните настани во градот, но народот испадна помудар од политичарите, рече на денешната трибина извршниот директор на Бизнис клубот на Евро-атланскиот совет на Македонија, Трифун Костовски. Тој вели дека е време да се свртиме кон самите себе си, да ја унапредуваме нашата економија.
Според градоначалникот зоран Дамјановски, Куманово е одраз на етничкот состав на РМ.
Универзитетските професори, аналитичари и бизнис секторот кои се дел од Евро-атланскиот совет на Македонија забележуваат дека младите без разлика на етничката припадност заеднички треба да го градат општеството и да се стремат кон евро-атланските вредности како граѓани на Македонија.
Проектот е поддржан од CIVICA MOBILITAS и НАТО Секторот за јавна дипломатија во Брисел , а трибината е во коорганизација со Општина Куманово.