Основното училиште Браќа Рибар во Табановце денеска беше домаќин на ликовна колонија организирана од Здружението за грижи и воспитување на децата. По два ученика од 12 основни училишта имаа можност да ги изразат своите креативни способности и фантазии творејќи на темата „Грижа“ .
-Темата е „Грижа“ без разлика дали станува збор за однос кон родител, природата , домашното милениче. Учествуваат 9 основни училишта и 3 подрачни. Ќе организираме и ретро изложба која ќе биде реализирана во рамките на празникот на градот изјави Виолета Стошевска, Здружение за грижи и воспитување на децата
Дел од учениците кои што денеска беа дел од ликовната колонија за првпат учествуваат , но имаше и ученици кои што редовно конкурираат со своите ликовни творби на распишаните конкурси од училиштата. Потребниот материјал за ликовните творби беше обезбеден од страна на организаторот, како и патувањето до училиштето и назад, посочуваат надлежните.
Следната активност на Здружението за грижи и воспитување на децата по пауза од три години ќе биде „Избор на најдобар рецитатор“ , во февруари или март наредната година.