Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи,Оливер Андонов денеска оствари работна посета на СВР Куманово. Освен што се запознал со безбедносната состојба на подрачјето што го покрива и со подготвеноста на СВР Куманово за спроведување на изборите, на денешниот состанок Андонов укажал на раководството за вршењето на мобинг врз полициските службеници. Според него, согласно Законот за избори и укажувањето на државната комисија за антикорупција,утврдено е дека се забрануваат какви било преместувања и со решенија и со времени решенија или со наредби во периодот откако се распишуваат изборите, па се до формирање на новата Влада.
-Тоа значи дека од 18.10 оваа година престануваат сите активности,по однос на преместување на луѓето и како што во повеќе наврати предупредив,министерот Спасовски,кој е министер во Влада за спроведување избори го крши Законот отворено и врши преместувања на лица вработени во СВР Куманово со наредба која е противзаконита, изјави Оливер Андонов, дополнителен заменик министер за внатрешни работи
Андонов потенцира дека денешната посета била и со цел уште еднаш на началникот на СВР Куманово да му издаде и лични наредби и укаже на тоа дека не смее да го крши законот, бидејќи МВР е тука да го штити законот и интересот на граѓаните, а не да го прекршува. Тој уште еднаш рече, дека единствено што треба да работат полициските службеници е да го почитуваат законот и да ги штитат граѓаните.