„Заедно со младите за подобра енергетска ефикасност“

„Заедно со младите за подобра енергетска ефикасност“ е насловот на проектот, за кој вчера во кружната сала на поранешен Комитет, се одржа завршно предавање. Истиот го реализира здружението на граѓани Доверба. На завршниот настан пред млади од Куманово, Крива Паланка, Кратово и Старо Нагоричане, како и ученици од средното Наце Буѓони, беа презентирани резултатите од истражувањата.

-Се презентираат материјали кои што би ги користеле во случај да одлучат да извршат изолација во домовите, материјали со кои се менува начинот на осветлување, се презентираат ексел алатки за понатамошни иневстициски вложувања и колку време е потребно да се повратат вложените средства“-изјави Ивана Јанковска,проект координатор.

Младите имаа можност да се запознат како се заштедува електрична енергија преку практична презентација на материјали со кои тоа најчесто се прави.

-Многу е важно е да знаат за зачувување на енергијата во домовите,но и да се развие претприеништвото кај младите од кое тие можат да имаат само бенефит во иднина-изјави претседателката на здружението на граѓани „Доверба“ Дивна Јанкова.

Проектот „Заедно со младите за подобра енергетска ефикасност се реализираше од јули до крајот на декември. Целта на истиот е едукација на младите во однос на правната регулатива за примена на договорот ЕУ 2020. Во рамки на проектот е издадена и брошура на македонски и англиски јазик.

 

Коментари

коментар(и)