Директорот на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, Сашо Петрушевски истакна дека уште денеска ќе се обратат до надлежните институции за да утврдат точно за која парцела се работи.
Тој посочи дека по геодетско снимање ќе можат да дадат конкретни одговори за прашањето дали јавното претпријатие користи простор кој е во сопственост на Верскиот одбор на Ромите.
-Ако се работи за парцела која е во сопственост на одбор на Роми а ја користи ЈП без знаење или со, по закон за гробишта бидејќи тоа земјиште е определено за таа намена не можат други да вршат ископ на гробови освен ЈП кое е задолжено, треба со одлука или со договор да се предаде на претпријатието што до сега не е направено и она што е дилемата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ никој не може да наплаќа според закон за гробишта кој е донесен во 2013 година освен јавно претпријатие. Ние не можеме никого да ослободиме од плаќање, немаме законска можност да го ослободиме со тоа што непочитување и кршење на законот знаете дека е кривична одговорност, меѓутоа со предавање на земјиштето дали ќе се обештети одборот, сопственик или не и тоа е веќе договор, немам слушнато досега дека не е направено. Го повикувам одборот на Ромите да дојдат и заеднички да ја завршиме оваа работа бидејќи се работи за заеднички интерес, имам сознанија на луѓето кои се вработени дека дел од Ромите бараат и таму да се копаат имаме некој дуелизам од една страна се вика дека се узурпираат од друга се вика таму да се копаат. Не знам дали се работи за таа парцела, да ја утврдиме фактичката состојба и тогаш може да дадеме точни одоговри а не тенденциозно да се обвинуваат институциите, за работи за кои не сме надлежни-посочи тој.