Започна полагањето на државна матура

Матурантите од сите средни училишта во Куманово денеска го полагаат првиот испит на државната матура, мајчин јазик и литература Тестирањето кое се одвиваше непречено започна во 10 часот. Во средното училиште „Перо Наков“ државна матура полагаат 124 ученици македонски јазик,а 145 албански јазик. Полагањето се одвива тековно и се присутни претставници од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Навремено започна тестирањето и во гиманазијата Гоце Делчев.

-Се е подготвено училишната комисија има подготвено се што треба списоците ги имаме излепено, учениците почнаа да доаѓаат, училишната комисија е на своето место, тестаторите, резервни тестатори очекуваме успешно решавање на тестот и високи резулатати онака како што им личи на нашите ученици. Ќе полагаат 282 ученика мајчин јазик и литература  денеска-истакна Соња Тодоровска, директор на гимназија Гоце Делчев.

10-тина ученици од средното „Киро Бурназ“, полагаат мајчин јазик и литература,а 110 ќе полагаат завршен испит. Полагањето по одлука на Државниот испитен центар се спроведува во просториите на „Перо Наков“,поради просторни услови. Во Наце Буѓони македонски јазик полагаат 112 ученици,а  албански 190 ученици, а во „Сами Фрашери“,256 ученици.

Според податоците на Државниот испитен центар, денеска на ниво на државата македонски јазик полагаат 10632 матуранти, 5120 албански јазик и 418 за турски јазик. На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број се пријавени за англиски јазик, потоа француски јазик, германски и за руски. Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2070 матуранти. Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни. Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит.

 

Коментари

коментар(и)