Инклузива со работилница за општински изборни комисии

Пристап до избирачките места и комуникација со лицата со попреченост е насловена денешната работилница  наменета за едукација на општински изборни комисии, која ја организира Здружението Инклузива во рамки на проектот Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес кој е финансиран од американската амбасада во Република Македонија. Работилницата се одржува во соработка со Државната изборна комисија. Истражувањето за време на последните локални избори покажало дека општинските и државната  изборна комисија немаат вештини за соодветна комуникација со оваа категорија граѓани и затоа се создаваат проблеми на гласачкото место и во остварување на правото на глас.

-Ја опфативме и темата за организирање на гласачкото место и на изборите воопшто кои ќе се пристапни и достапни за оваа категрија на граѓани. Дел по дел ги презентираме недостатоците даваме препорака за следните избори како ова може да се надмине но ги слушаме и претставниците од општинските изборни комисии што имаат да кажат во однос на тоа, односно со какви проблеми ќе се соочат, ако се законски правни тоа мора да делуваме понатаму во државна изборна комисија и во парламентот ако не се оние што не предизвикуваат законски промени тогаш ние заедно со сите овие луѓе ќе продолжиме заедно следните избори да биде тоа како што треба-посочи Благица Димитровска од Инклузива.

-ДИК и претходно имаше изготвено и прирачните како да се гласа заедно со Инклузива сега ќе се подобри како да гласаат самите лица. Заедно со Здружението Инклузива тие проблеми што се пронајдени повеќе се кон пристапноста од избирачките места, сами да гласаат, ние како ДИК во иднина ќе се трудиме подобро да ги правиме овие работи за да им се овозможи правото на гласа на тие лица-дополни Феми Рашити, советник правна служба ДИК.

Работилници за едукација на општинските изборни комисии досега се одржаа и во Гостивар и Охрид, а ќе продолжат и во другите градови. Здружението Инклузива на претседателските избори ќе биде акредитиран набљудувач на целата територија на Република Македонија. Димитровска посочи дека ќе започнат и со обуки за медиуми,  со што ќе се едуцираат новинарите како да известуваат за време на пред и пост изборниот процес и да обрнат внимание на пристапноста до гласачките места.

 

Коментари

коментар(и)