Фирмите се запознаа со најновите меѓународни програми

Претставници на малите и средни претпријатија денеска имаа можност да се информираат за  „Меѓународни програми во поддршка на приватниот сектор“ на настанот кој го организираше Бизнис центарот, кој работи во состав на Североисточниот плански регион. Промоцијата е  дел од проектот „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“, има за цел да ја зголеми конкурентноста на планските региони, преку поддршка на малите…

Read More

Искривени бандери закана за жителите на Бабин дол

Дотраени дрвени бандери претставуваат закана за жителите кои живеат на улицата Два, во населбата „Јане Сандански“, или попозната како „Бабин дол“. Мештаните се жалат дека столбовите со месеци стојат наведнати и секој момент може да паднат. Тие велат дека пред два месеци една од бандерите целосно паднала, и неколку часа останале без електрична енергија. Екипите на ЕВН тогаш проблемот го решиле со ставање бетонски потпирач, но по само неколку месеци, бандерата повторно е поднаведната и…

Read More

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ закроија лозје во Романовце

Членови и симпатизери на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и останати граѓани, вчера по повод празникот Свети Трифун, закроија лозје во село Романовце. Традиционално, четврта година по ред партијата го одбележува Денот на лозарите и виното, а за таа пригода членовите сечат славски колач.  Свештениците од Кумановско-осоговската епархија ги осветија дрвцата, и потоа беше извршено примопредавање на кумството, при што за нов кум е назначен Дејан Ристов, секретар на партијата.
-За мене ова кумство претставува голема…

Read More

Средношколците не се откажуваат од своите барања

Средношколците од градот денеска одржаа мирен собир на Градскиот плоштад, преку кој упатија порака дека планираат да продолжат со својата борба за подобро образование. Тие со свои говори ги потсетија надлежните дека бараат да се укине екстерното тестирање, и да се изнајде нов модел кој ќе биде прифатлив за сите засегнати страни, а полагањето на државна матура да остане по стариот модел.
-Ќе се говори за изминатиот циклус на екстерно тестирање за матурантите но и за…

Read More

Мртов маж пронајден во поранешно стрелиште

Безживотно тело на повозрасен, непознат маж, денеска околу 14 часот е пронајдено во близина на надвозникот на мостот на улицата „Доне Божинов“, односно во разурнатата зграда на поранешно стрелиште, кај Спомен Костурница.
Мртвото тело го пронашле момчиња од населбата Средорек, кои веднаш пријавиле во полиција. Според очевидците се работи за лице на околу 60 годишна возраст, кое било облечено во работничка јакна, без обувки на нозете и со засукани ногавици. 
Увид на местото на настанот изврши јавен…

Read More

Продажни изложби на „Порака наша“

Корисниците на дневниот центар за интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска организираа продажни изложби по повод 14-ти февруари,  Денот на вљубените и Денот на виното. Тие заедно со волонтерите продаваа различни предмети, кои ги изработиле во центарот. Собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за уредување на просторот во кој престојуваат секој ден.
-Имаме разни предмети, како што се тегли, букети, престилки за во кујна, кои може да се користат за складирање разни работи, вреќи за ќеси,…

Read More

Ќе соработуваат паркинг претпријатијата на Куманово и Општина Центар

Јавните  претпријатија „Паркинг“ од Куманово и „Паркинзи“ од Општина Центар денеска потпишаа меморандум за соработка. Целта на меморандумот е да се продлабочи соработката, и на тој начин да се подобри начинот на функционирање  на двете јавни претпријатија, кои се занимаваат со проблематиката околу организирање на паркирањето во Општина Куманово и Општина Центар.
-Нашата соработка е започната пред 2 години заеднички патуваме на разни семинари, обуки што ги имавме досега, настани, денеска ставаме круна на соработката и…

Read More

Бањата во Стрновац запуштена и неуредена

Надалеку прочуениот геотермален извор од 39 степени Целзиусови е оставен да пропаѓа. Бањското лекувалиште е затрпано во расфрлани отпадоци од храна, пластични шишиња, хартија, а од расквасената земја не може да се дојде до базените. Бањата, за која постои верување дека ги лекува сите видови на ревматските заболувања, инфективните, заболувањата на периферните артериски садови,  не е оградена, а просторот нема тушеви, гардеробери, тоалети, ниту пак корпи за отпадоци. Но, лоши услови не ги спречуваат посетителите…

Read More

УЈП обучуваше сметководители за актуелни теми

Доставување на завршни сметки, даночен биланс за оданочување на добивка и даночен биланс на вкупен приход, беа темите на коишто денеска се обучуваа неколкумина сметководители во Управата за јавни приходи. Надлежните ги запознаа сметководителите и за достава на извештаи ДДИ и достава на барања за пренос на искажани загуби. Тие информираа дека обврзник на данок на добивка е секое правно лице, резидент на Република Македонија, кое остварува добивка од вршење на дејноста во земјата и…

Read More

Се чисти коритото на река Петрошница

Во тек е акција за чистење на коритоto на река Петрошница во село Војник, во должина од околу еден километар. Денеска со два багери се отстрануваше сметот и зараснатите дрвја во речното корито од мостот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, па се до вливот во реката Пчиња.  Чистењето на речното корито е дел од акциониот план на Општина Старо Нагоричане, а средствата ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање.
Надлежните се надеваат дека со ваквите…

Read More
1 364 365 366 367 368 381