Aгенцијата за oстварување на правата на заедниците во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска во Куманово организираа работилница и дискусија на тема „Остварувањето на граѓанските права и заштита од дискриминација”. Работилницата е во рамките на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата” на Советот на Европа и Европска унија. Целта на ваквите работилници е да се приближи работата на Агенцијата и на Комисијата на граѓаните и претставниците од локалните заедници и локалните…
Види повеќеAuthor: Снежа Петковска
ВИДЕО: Куманово сплотено пееше за Александра
Кумановци вчеравечер покажаа дека солидарноста не исчезнала. Со своето присуство на Велигденскиот концерт за помош на 21- годишната Александра Митровска што се одржа во големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ граѓаните само ја потврдија веќе докажаната хуманост. Распродадените билети до последното седиште во Центарот за култура говорат за високото ниво на свесност на кумановци за потребите на другиот, за несебичната поддршка, подготвеност и способност да се споделуваат чувствата. Хуманитарниот концерт „Куманово пее за Александра“ го организираше…
Види повеќеГраѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите, велат од МВР. Секторот за компјутерски криминал апелира до граѓаните…
Види повеќеБрендирана облека и суплементи запленети на ГП Табановце
Брендирана облека, суплементи за исхрана и соларен инвертер, заплениле цариниците на Граничниот премин Табановце изминатата недела. Како што информираат денеска од Царинската управа во камион бил спречен обид да се шверцува соларен инвертер. Патник во автобус кој сообраќал од Скопје кон Белград се обидел да шверцува суплементи за исхрана, а пак мобилен царински тим на Царинска испостава Табановце при контрола на камион, запленил 463 парчиња облека со потписот на Ралф Лаурен, Диор, Бос и други…
Види повеќеОдземено возило од кумановка со фалсификувани документи
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот во мај 2024 година присвоил патничко возило „ауди а6“, сопственост на негова поранешна вонбрачна партнерка од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштуваат од полицијата, таа му дала клучеви од нејзиниот стан во Куманово, при што тој искористил прилика и ја одзел целокупната документација за возилото, врз основа на која изготвил фалсификуван договор…
Види повеќеСе запалил автомобил во движење во село Лојане
На локалниот пат Табановце – Куманово, во село Лојане, ноќеска во 01.55 часот настанал пожар во патничко моторно возило во движење. Станува збор за „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 44-годишен кумановец. Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Види повеќеВИДЕО: Се реконструира улицата „Никола Тесла“, Трајановски и Димитриевски на увид на градежните работи
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и пратениците Бране Петрушевски и Даниел Стојчевски денеска извршија увид во градежните активности на улицата „Никола Тесла“, патна траса која што е составен дел на државните патишта, а поминува низ Куманово. Станува збор за рехабилитација на патот во должина од 1400 метри, а вкупната инвестиција преку ЈПДП е 20 милиони денари. -Во оваа прилика да искажам задоволство како градоначалник на…
Види повеќеВИДЕО: Ревија на народни носии утревечер во Занаетчиски дом
Во организација на Етно фолк студио утревечер со почеток во 19.30 часот во Занаетчиски дом ќе се одржи ревија на народни носии, а в четврток ќе биде промовирана етно соба во основното училиште „Вук Караџиќ“.
Види повеќеВИДЕО: Се одржа манифестацијата „Велигден – ист, на различен начин“
По повод големиот христијански празник, а во рамките на манифестацијата „Велигден – ист, на различен начин“ организирана од здружението „Живот“ денеска е избрано најдобро украсеното велигденско јајце. Креативната декорација и припаѓа на Емина Атанасовска. Во просториите на Занаетчиски дом присутните имаа можност да ги видат уникатните креативни изработки, да ја почувствуваат велигденската атмосфера и да бидат дел од шарениот избор. Второто место за најдобро украсено јајце и припадна на Нела Апостоловска, а третото на Мелани…
Види повеќеШест илјади денари субвенција за кирија од општината
Субвенцијата за кирија што ја доделува општина Куманово од 3000 денари е зголемена на 6000. Одлуката ја донесоа советниците на последната седница на Советот. Советниците изгласаа и одредени распределби на финансиски средства. Повеќе детали од раководителот на Секторот за социјална, здравствена и детска заштита Александар Крстевски.
Види повеќе