20-ти ноември- Светски ден на детето

20-ти  ноември- Светски ден на детето

Секое дете има свои права и обврски. Но практиката покажува дека дел од правата на децата кои што се загарантирани со Конвенцијата се прекршуваат. 20 ноември се одбележува како Меѓународен ден на децата. Годинава, регионалната кампања по повод овој светски ден е со наслов „Улицата не смее и не е дом за ниедно дете“.
-Генерално тоа е проблем во целата наша држава , кога и да излеземе во било кој град ќе сретнеме деца на улица…

Read More

Трибина за вработување во Старо Нагоричане

Трибина за вработување во Старо Нагоричане

Во општина Старо Нагоричане се одржа трибина на која беше дискутирано за вработувањето , во рамките на проектот  „Заедница на одговорни граѓани “ .  Начините како да се дојде до работа, како да се препознае одредена аномалија , каде има  прекршување на правата со акцент на дискриминација при вработувањето беше само дел од она за што се разговараше со претставници на општината, на советот и со заинтересирани граѓани, вели Душко Миновски, стручно лице од областа…

Read More

Показна вежба за укажување прва помош

Показна вежба за укажување прва помош

Скршеница на подлактица е најчестата повреда што може да се добие при сообраќајна несреќа. Многу битно при вакви ситуации е правилно укажување прва помош на повредениот. За да се види колку граѓаните на Куманово  се хумани  и дали сакаат да помогнат на повредено лице во случај на сообраќајна несреќа, отсекот за превенција, полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и волонтери на општинската организација на црвениот крст секоја година, според предвидената програма за работа организираат…

Read More

Стартува проектот „FEMTERPRISE “

Стартува проектот „FEMTERPRISE “

Стартува проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавањето на општествените претпријатија, преку зајакнување на претприемачки потенцијал на младите жени”, ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.
На 17.10.2016 година Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, во својство на Управен орган на Интеррег – ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија- Македонија и Здружението на жени претприемачи “УНИКУМ-кос” од Куманово , Македонија во својство на водечки партнер склучи договор за помош…

Read More

Состанок за развој на превенција од социјални ризици

Состанок за развој на превенција од социјални ризици

Создавање на програма за развој на социјална превенција од социјални ризици за да може да биде извршено мапирање на социјални проблеми за да можат локалните чинители понатаму да помогнат помогнат на своите граѓани беше целта на денешниот прв работен состанок на новоформираното Локално координативно тело за развој на превенција  од социјални ризици во општина Куманово. Во него ќе членуваат  претставници на 22 институции, меѓу кои државни установи и организации, урбани меснио заедници , општински училишта…

Read More

71 година од постоењето на „ Перо Наков“

71 година од постоењето на „ Перо Наков“

По повод 71 година од постоењето на општинското средно училиште „Перо Наков“  денеска беа доделени благодарници на учениците кои што со својот труд, талент и знаење изминатава година  придонеле за афирмација на училиштото. Благодарниците им беа врачени на приредба организирана за учениците и наставниот кадар на која што присутните имаа можност да проследат литературни читања, музички точки, модна ревија. Гости на денешната манифестација беа претставници на збратименото економско училиште од Ниш, рече Лидија Тасевска, директор…

Read More

Доделени Ноемвриски награди на свечена седница

Доделени Ноемвриски награди на свечена седница

„Голем број на наши сограѓани се одважија и спротивставија на најголемото зло на 20 -тиот век и земаа активно учество во НОБ и се изборија за слободата. За наша среќа имавме можност да растеме и да се образуваме покрај современиците на Втората светска војна, да ги слушнеме нивните животни приказни разбирајќи ја важноста на зборот слобода и самостојна и независна држава“, – рече претседателот на советот Максим Димитриевски, на свечената седница на која беа доделени…

Read More

Шеесет проценти реализиран буџетот за годинава

Шеесет  проценти реализиран буџетот за годинава

Советниците на вчерашната седница ja усвоија одлуката за измената и дополнување на буџетот на општина Куманово за 2016-та година, кој согласно законските прописи се донесува до 15-ти ноември во тековната година. Според раководителот на секторот за финансиски прашања, Ирена Илиевска,  ребаланс на буџетот се врши поради неколку причини. Како што посочи,  првата причина е поради вградување на салдата останати од претходната година по однос на завршните сметки кои влегуваат во буџетот од општината и општинските…

Read More

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Традиционалните норми во одредена заедница , но и неповолните услови за работа кои што ги нуди бизнис заедницата во земјите на Балканот, меѓу нив и Македонија се најчестите причини поради кои што жените не се активни баратели на работа. До вакви заклучоци дошла организацијата КЕР од Германија спроведувајќи го проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“. Во рамките на проектот денеска во Куманово беше организиран социјален дијалог на кој присуствуваа невработени…

Read More

Меморандум за соработка со Марибор и Нови Сад

Меморандум за соработка со Марибор и Нови Сад

Меморандум за соработка денеска потпишаа  градоначалниците на Куманово и  Марибор, Зоран Дамјановски и Андреј Фиштравец,  како и заменик -градоначалникот на  Нови Сад, Срѓан Кружевиќ. Повеќегодишната соработка меѓу трите општини резултираше со трипартитен договор чија цел е продлабочување на заемната соработка во сите области на општествениот живот, инфраструктурата, образованието, социјалниот живот, културата, спортот.
Марибор идната година за градовите пријатели ќе организира конференција за решавање на локалните инфраструктурни проблеми по пат на заштеда.
Во 2012 година Марибор беше европска…

Read More
1 412 413 414 415 416 450