Успешна крводарителска акција во чест на Александар Ковачевски

Голем број колеги, пријатели, припадници на АРМ , членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и почитувачи на ликот и делото на Александар Ковачевски, денеска беа дел од крводарителската акција , организирана во Клубот на ветераните„Христијан Тодоровски Карпош“.  Освен што бил член на здружението, Ковачевски бил и редовен крводарител .
-Од една страна се чувствувам исполнета, од друга страна се разбира во срцето има празнина , се чувствува празнината , три години поминаа , 4-та…

Read More

Одбележани 36 години од смртта на Тито

Почитувачите на ликот и делото на Тито денеска положија свежо цвеќе пред бистата  на градскиот плоштад. На денешен ден пред 36 години почина  доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито, кој беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година.
-Немаме потреба да се срамиме и да не го почитуваме делото на другарот тито, њујоршки тајмс пишува дека тито  е еден од најголемите водачи на Балканот во неговото време , тоа го покажа…

Read More

ВМРО ДПМНЕ со велигденска честитка до граѓаните

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на сите граѓани од православна вероисповед  им го честитаа големиот христијански празник Христосовото воскресение -Велигден, а на работниците Меѓународниот ден на трудот – Први мај.
„Негувајќи ги демохристијанските вредности членовите на ВМРО-ДПМНЕ со задоволство ја подржуваат и продолжуваат вековната православна традиција празнувањето на Велигден, кој претставува неприкосновен духовен и национален белег. Престојниот празник уште еднаш ќе не потсети дека тој свет белег на овие простори грижливо чуван од МПЦ…

Read More

„Толи Зордумис “ со приредба во „Зафир Сајто “

Учениците од основното училиште „Толи Зордумис “ се првите кои што на Велики четврток им го честитаа Велигден на корисниците на услугите на домот за стари лица „Зафир Сајто“. Освен што им подарија велигденски јајца вапсани и декорирани од нивните вешти раце под менторство на своите одделенски наставници , учениците за старите лица приредија и получасовна забава исполнета со рецитали, ритмички  точки и настап на играорна група.
-Денеска со нашите ученици од прво до петто одделение…

Read More

Се помалку деца се вакцинираат навремено

Околу 200 деца од вкупно 500 колку што требало  досега да бидат вакцинирани  според  правилникот за имунизација, се вакцинирани  првите три дена од одбележувањето на Европската недела за имунизација. Вакцинацијата ја спроведува центарот за јавно здравје во соработка со здравствениот дом, а се вакцинираат децата од предшколска и училишна возраст. Вакцинирањето на децата од предшколска возраст го вршат мобилните тимови сместени во амбулантата Тоде Мендол и во здравствениот дом, а останатите деца ги вакцинираат теренските…

Read More

ГРОМ: Општината организатор на „шарените протести “

Општинската организација на ГРОМ денеска на пресконференција побара од градоначалникот на Куманово да не ја вовлекува општината во политички игри , туку да ја заштити  како единица на локална самоуправа која со закон и  статут има определени надлежности. ГРОМ обвини дека во Куманово, за разлика од протестите во Скопје,  раководството на општината  е главен организатор на шарената револуција.
ГРОМ целосно се согласува и ги поддржува сите граѓани кои што се незадоволни или пак се задоволни од…

Read More

Ракометарките-шампиони на прием во општината

За ракометарките од основното училиште „Браќа Миладиновци“  кои станаа државни прваци за 2016-та година денеска се организираше прием кај градоначалникот Зоран Дамјановски. Пионерките во придружба на својот професор Милорад Јордановски ги споделија своите впечатоци и искуства од државното првенство со првиот човек на Куманово, кој им се заблагодари што уште еднаш докажале дека Куманово е спортски град.
-Мислам дека треба да продолжите да тренирате ракомет бидејќи покажувате одлични резултати, а ние како локална самоуправа ќе се…

Read More

„ Македонија во Европа- реалност или фикција“

Во пресрет на 9 мај-Денот на Европа Секторот за евроинтеграции при општина Куманово денеска организираше панел дискусија на тема„ Македонија во Европа- реалност  или фикција.Целта на трибината е на јавноста да и се испрати порака дали Македонија е на вистинскиот пат за евроинтеграциите  бидејќи веќе подолг временски период има пречки кои во наредниот период со  политичка волја ќе бидат отстранети и долгоочекуваниот пат на Македонија во евроинтеграциите и во НАТО алијансата ќе биде отворен, рече…

Read More

Спасов: „Искористете ја мерката грант за самовработување“

Невработените лица кои што имаат добра бизнис идеја имаат можност до крајот на месецов да аплицираат во агенцијата за вработување за  основање свој сопствен бизнис. Со вториот оглас за  мерката за самовработување е предвиден грант од 200.000 до 350.000 денари неповратни средства од државата за основање на 420 мали бизниси, посочи денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посета на приватна стоматолошка ординација во Куманово основана преку оваа мерка.
-Оваа прилика сакам…

Read More

Млекопроизводителите поднесуваат барања за субвенции

Повеќе од 930 сточари од Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барање за субвенции  до подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, водостопанство и шумарство за произведено и предадено млеко во производните капацитети, за последните три месеци од 2015-та година, информираат надлежните.
 
-Речиси 85 проценти од производителите на млеко од општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане досега поднеле барање за субвенции . Деновиве очекуваме и останатите сточари да ги достават фактурите за произведено и предадено млеко за октомври, ноември…

Read More
1 430 431 432 433 434 450