ГРОМ: Општината организатор на „шарените протести “

Општинската организација на ГРОМ денеска на пресконференција побара од градоначалникот на Куманово да не ја вовлекува општината во политички игри , туку да ја заштити  како единица на локална самоуправа која со закон и  статут има определени надлежности. ГРОМ обвини дека во Куманово, за разлика од протестите во Скопје,  раководството на општината  е главен организатор на шарената револуција.

ГРОМ целосно се согласува и ги поддржува сите граѓани кои што се незадоволни или пак се задоволни од тоа како функционира централната власт и во државата и тоа свое мислење на мирен начин го изразуваат по улиците во Скопје и останатите градови, додаде  Емилија Арсиќ од ГРОМ.

За членовите на ГРОМ протестите организирани од Социјалдемократскиот сојуз претставуваат „увезена револуција“.

Коментари

коментар(и)