Започнува сезоната на пожари

Со летните температури вообичаено се зголемуваат и интервенциите на противпожарната единица во Куманово.  Периодов имало неколку пожари од помали размери, за кои командирот Деан Илиевски вели дека се движат во рамките на нормалата.
-Имаме десетина интервенции на отворен простор но тоа  се од помал размер , 3-4 декари така што се уште не е зафатена онаа манија на палење што би рекле ние кога луѓето масовно палат, се работи за поголеми површини зафатени од пожар, меѓутоа…

Read More

Проектот за Чоробенско ќоше „на пауза“

Се уште не се знае кога ќе започне да се гради административно-деловниот објект на Чоробенско ќоше. Изведбениот проект веќе подолго време е изготвен со сите планирани фази, тврдат надлежните, но за да се отпочне со реализација општината прво треба да го реши прашањето околу сопственичкото право на дел од земјиштето па дури потоа да добие согласност од Комисијата за експанзија на градби.
-Имаме околу 300 метри квадратни површина која не е сопственост на РМ. За да…

Read More

Четириесетина жалби до Советот за етика

37 претставки примила  Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите последниве шест месеци.  Поплаките најчесто се однесувале на ситуации во кои имало говор на омраза во медиумите против одредени групи во општеството на различна основа, етничка, верска, сексуална,  ситуации кога се поттикнува дискриминација, кога има клевета, навреда,  кога се открива идентитетот, особено на малолетни лица или пак станува збор за нарушување на приватноста. Ова меѓу другото беше речено на денешната дебата „Информирај и…

Read More

Мигранти приведени во Ваксинце

Во пет објекти од вкупно 10 во кои е извршен претрес  утринава во липковско ваксинце полицијата отктри 128 илегални мигранти. Акцијата  беше спроведена под сомнение дека се криумчарат мигранти во селото. Најголем дел од нив се од Сирија, Ирак и од останатите земји на Блискиот Исток. Според портпаролот на МВР, Иво Котевски сопствениците ги изнајмувале објектите на мигрантите за 1.500 евра месечно, а само за засолнување им се наплаќале од 5 до 10 евра без…

Read More

Желбата за авантура-една од причините за сообраќајки

Се поголем број млади лица се жртви или повредени во сообраќајните несреќи што се случуваат на улиците во Куманово. Појавата се зачестува особено во летниот период кога младите речиси се без обврски поради завршувањето на учебната, но и на академската година. Непријатните настани со трагични последици најчесто се плод од комбинација на повеќе фактори, посочуваат експертите.
-Главно е тука младешкиот дух, желбата за авантури, за докажување која особено испливува на површина овој период кога се послободни,…

Read More

Зголемен интерес за огревно дрво

Граѓаните на Куманово, Липково и Старо Нагоричане  кои се греат на дрва немаат проблем да ги набават. Од Македонски шуми, подружница Куманово тврдат дека има доволно количество огревно дрво за задоволување на потребите на жителите  од трите општини. Шумско стопанство располага со повеќе видови, а најбарана е буката, како и секоја година. Карактеристично за  годинава е што кумановци купуваат повеќе дрва од претходните , а тое се должи на високата цена на струјата и на…

Read More

Шлепер се преврте на автопат кај Агино село

19 годишниот Александро П. од Грција е повреден во сообраќајната несреќа што се случи утрово околу 6 часот на автопатот Куманово -Скопје кај Агино село.  Грчкиот државјанин, движејќи се кон Куманово , изгубил контрола над товарното возило, излетал од коловозната лента и се превртел  на спротивната.  5 часа беше блокиран сообраќајот за тешките товарни возила поради што се создаде километарска колона од автобуси и камиони чекајќи да се ослободи барем едната лента.  Патниците кои  неколку…

Read More

Годишнина од загинувањето на Панче Пешев

На 5-ти јуни во 1944 година револуционерот Панче Пешев загинал во судир со бугарската војска во Кушкулија, струмичко. Годишнината од неговото загинување традиционално ја одбележува Соузот на борците од Куманово. Членови на здружението денеска положија цвеќе пред бистата на Панче Пешев во дворот на истоименото нижо музичко училиште во градот. Борците со гордост се сеќаваат на неговата храброст и придонесот во Народно-ослободителната борба.
-Тој е роден во Велес во 1915 година, а на петгодишна возраст дошол…

Read More

Општината ќе добие конференциска сала

Ќе се реновира големата сала во зградата на поранешен комитет. 28.000 евра ќе издвои североисточниот регион за обновата, а од општинскиот буџет ќе се обезбедат пари за санирање на покривот . Градоначалникот Зоран Дамјановски се надева дека за празникот на градот, салата ќе добие целосно нов лик и тука ќе можат да се одржуваат седници, конференции и други настани.
“Ќе се изврши внатрешно уредување, тапацирање, видeo презентации, озвучување, и се надеваме деќа ќе направиме ложа за…

Read More

Зоран Дамјановски е реизбран за претседател на Совет на СИПР

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски е реизбран за претседател на Советот на Североисточниот плански регион. Тој по четврти пат едногласно ја доби довербата од своите колеги од Старо Нагоричане, Липково,  Крива Паланка, Ранковце и Кратово.  Бидејќи Куманово партиципира најголем фонд на средства во буџетот на регионот,  околу 65 проценти логично е градоначалниците да дадат предност на најголемата самоуправа во државата, смета Дамјановски. Тој  додава дека иако Советот на СИПР е формиран согласно  Законот за рамномерен…

Read More
1 447 448 449 450