Aктерите ја очекуваат обновата на театорот

Кумановскиот театар го зазема централното место на драмските случувања во градот. Од 1961 година, до денес, тој се наоѓа на истото место, во центарот на Куманово, а историјата покажува дека без разлика на кое место и да се наоѓал како објект, Театарот  секогаш располагал со квалитетен актерски ансамбл и звучни режисерски имиња.
Така е и денеска. Но, и покрај тоа што последниве години не беше инвестирано во театарот  вработените  ги извршуваа своите работни обврски најдобро што…

Read More

Снегот е поволен за есенските посеви

Снегот е добредојден за есенските посеви,информираа денеска,надлежните од здружението на земјоделци од Куманово.Оттаму објаснија дека снегот поволно влијае врз влажноста на почвата и ги заштити посевите од измрзнување.
-Од крајот на завршувањето на есенската сеидба до јaнуари имаше долг период на суша во кумановско,немаше врнежи,па затоа снегот е мошне поволен за есенските посеви, посочуваат од  здружението на земјоделци.
Во кумановско,земјоделците посеале  над 80% од планираните површини.
Според податоците од подрачната единица на МЗШВ-Куманово во општините Куманово,Липово и Старо Нагоричане…

Read More

Се одржа судскиот процес Заев –Цветковски

Во отсуство на третообвинетиот Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово денеска во основниот суд се одржа четвртото рочиште од судскиот процес против обвинетите Зоран Заев и претставникот на правното лице СДСМ  Дамјан Манчевски  по однос на приватната тужба на Виктор Цветковски, нивен поранешен сопартиец  , за неовластено снимање и објавување снимки.
Свои искази  дадоа Заев и Манчевски, истакнувајќи дека одлуката да се објават снимките во рамките на проектот Вистината за Македонија ја…

Read More

Верниците го празнуваат свети Јован Крстител

Православните верници денеска го празнуваат Соборот на свети Јован Крстител. Рано утрово голем број кумановци ги носеа во црква своите славски колачи, свештените лица ги пресекуваа и посипуваа со црвено вино за здравје, среќа и мир во семејството.
Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус….

Read More

Верниците го празнуваат Богојавление

Празникот Водици народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, зашто на тој ден според верувањето Исус Христос е крс­тен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со празникот  се поврзуваат многу обичаи кои ги практикуваат кумановци. На Богојавление главниот настан е фрлање на крстот во водата. Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе биде среќен цела година. Тука е и традиционалното јадење пивтии со пресна погача, а се верува дека…

Read More

Виктор Петковски го фати крстот во „Свети Никола “

22  годишниот кумановец  Виктор Петковски  го фати крстот во базенот  во дворот на соборниот храм „Свети Никола“.Тој  годинава  беше најбрз  меѓу дваесетмината најхрабри кумановци  кои посакуваа крстот да е во нивните раце. Петковски по седми пат учествува на оваа традиционална манифестација, а крстот по втор пат завршува кај него.
На најсреќниот денеска црквата му подари икона,  а верниците го даруваа со пари и го бакнуваа светиот крст. Фрлањето на крстот го следеа бројни граѓани  од сите…

Read More

Кумановци заинтересирани за Затворениот базен

Кумановци заинтересирани за Затворениот базен

Кумановци се заинтересирани за рекреација во Затворениот пливачки базен. Управителот на објектот, кој воедно е и директор на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, Сашо Петрушевски истакна дека најмладите но и повозрасните секојдневно доаѓаат и уживаат во можностите кои што ги нуди овој спортски објект.  Додаде дека базенот засега дневно го посетуваат околу 30 до 40 лица, кои за само 100 денари имаат право на пливање еден час.
-Мислам дека интересот е на значително ниво, со тоа…

Read More

Шест члена на семејството Зекири се „фантоми“

Петте деца и нивната мајка Елизабета Зекири немаат државјанства,  а со тоа и никакви права како граѓани на РМ. Eлизабета е родена во кумановската болница,  но бидејќи нема доказ  за татковство,  не можела да добие  државјанство поради што и за децата нема никакви документи, ниту пак може да добие социјална помош. Последниве два месеца живее под кирија во населбата Перо Чичо, но се плаши дека наскоро може да остане на улица  бидејќи нема со што…

Read More

Кумановскиот театар подготвува премиера

Кумановскиот театар оваа година ќе ја започне со претстава од сопствени средства. Станува збор за  трагикомедија насловена Семејството Тот по текст на унгарскиот автор Иштван Еркењ, а во режија на Мартин Лазаревски ,  актер во кумановскиот театар.
– Премиерата ја очекуваме најреално на почеток на февруари, меѓутоа може да се случи и на крајот на јануари. Во оваа претстава е вклучен ансамбл од кумановскиот театар , вклучени се пет актери , тоа е ансамблот кој игра…

Read More

Театарот целосно ќе се реконструира

Кумановскиот театар целосно ќе се реконструира. До крајот на месецов, како што најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, треба да се изработи проектна програма врз основа на барањата на вработените во театарот, а во февруари да се објави тендер за избор на фирма која што ќе ја проектира комплетната обнова на институцијата.
-Проектот за реконструкција  ги опфаќа сите фази од електрика, машинство, сценска технологија на самата сцена со најсовремена технологија, реконструкција на салата каде што…

Read More
1 838 839 840 841 842 926