Ќе се санира мостот во населбата Карпош

Ќе се санира мостот во населбата Карпош

Општина Куманово ќе го санира оштетениот мост на улицата 100, во населбата Карпош. Истиот со години претставуваше опасност за стотиците ученици кои секојдневно поминуваа по него, но и за останатите мештани на населбата. На мостот нема патека за пешаци, дел од оградата е урнат, а покрај него има неколку големи бездни, кои водат директно во одводниот канал. Изминативе неколку дена интензивно се работеше на чистење на  коритото и проширување на теренот.
-Нашата агенда е на секој…

Read More

Реновиран интернатот во Драгоманце

Реновиран интернатот во Драгоманце

Реновиран е интернатот во кумановското село Драгоманце кој што е дел од општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ . За комплетна обнова на кујната, внатрешниот дел на ученичкиот дом, но и за фасадата се погрижи министерството за образование и наука, на барање  жителите на ова село, но и  надлежните во училиштето.
-Далеку се подобрени услвоите,  од она што го видов од она претходно што беше при една наша посета ветивме реконструкција и негово реновирање соодветно на потребите. …

Read More

Заврши кампањата „Надмини ги предрасудите“ на НРЦ

Заврши кампањата „Надмини ги предрасудите“ на НРЦ

Со изложба на цртежи и креативни дела на околу 200 ученици од основните и средни училишта од градот, во кои главната порака е надминување на стереотипите и предрасудите, заврши Рома прајд или кампањата Доста надмини ги предрасудите, запознајте ги Ромите, која ја спроведува Националниот ромски центар, со поддршка на програмата Европа за граѓаните.
-Првата фаза од проектот беше работилница во која учествуваа 70 ученици и наставници по ликовна уметноста, имавме работилница со сесија за предрасуди и…

Read More

Делегација од „Перо Наков“ на меѓународен натпревар во Минск

Делегација од „Перо Наков“ на меѓународен натпревар во Минск

Делегација од тројца наставници и исто толку ученици од економското училиште Перо Наков, од 8-ми до 14-ти октомври учествуваше на финалето на Меѓународниот натпревар за падагошко мајсторство Кристална мастилница, Булгаковски час, кој  се одржа во Минск, Република Белорусија. Натпреварот го организираа фондацијата Руски мир, Министерството за образование на Република Белорусија и Меѓународниот педагошки клуб.  Директорката на Перо Наков, Лидија Тасевска истакна дека носат прекрасни впечатоци од престојот кој бил исполнет со многу активности.
-Имавме можност да…

Read More

Одделение за мигранти во болницата

Одделение за мигранти во болницата

Реконструирани се подрумските простории во општата болница во Куманово. Преадаптираниот простор ќе биде наменет за пружање здравствени услуги исклучиво на мигрантите , но како што велат надлежните одделението останува во државата  во кое што ќе можат да се третираат пациенти од целата држава. „Здравствените власти во целост одговорија на предизвиците од мигрантската криза и со целиот свој капацитет се вклучија во справувањето со кризата со цел да се обезбеди хуман третман на мигрантите “ ,…

Read More

Проект за „Подобрување на општинските услуги“

Проект за „Подобрување на општинските услуги“

Градоначалници, претставници на јавни претпријатија од шесте општини од Североисточниот плански регион денеска се запознаа со можностите за користење на средства од  Вториот проект за подобрување на општинските услуги, на Министерство за Финансии и Светската Банка. Целта на проектот е да се обезбеди финансиска поддршка на локалните самоуправи во форма на долгорочни заеми, наменети за финансирање на инфраструктурата и други инвестиции кои имаа потенцијал за генерирање приходи односно остварување заштеди или пак се висок приоритет…

Read More

Непречена испораката на огревно дрво

Непречена испораката на огревно дрво

Околу 80 проценти од предвидената количина на огревно дрво  испорачала кумановската подружница на „Македонски шуми“ на граѓаните со коишто има склучено договор. Надлежните информираат дека испораката до физичките лица во трите кумановски општини се одвива непречено. Шумско стопанство годишно испорачува околу 50.000 метри кубни дрва.
-Останаа уште  20 проценти , триста метри просторни кои ќе се испорачаат наредните денови што зависи од временските услови, три недели не можеме да влеземе во планина поради дожд и кал,…

Read More

Успешна крводарителска акција на полицијата

Успешна крводарителска акција на полицијата

Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа редовна крводарителска акција, трета во тековната година која ја организира СВР Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од скопје и општинската организација на Црвениот крст.
Во акцијата се вклучија 60-тина вработени од кумановската полиција кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
-Редовен крводарител сум, досега 11 пати сум дарувал крв, мојата порака е помасовно да се дава крв за да се спаси нечиј живот, тоа е хумана…

Read More

Улицата „ Трајко Прокопиев “ ќе биде санирана

Улицата „ Трајко Прокопиев “  ќе биде санирана

Улицата „ Трајко Прокопиев “ во населбата „Перо Чичо “ деновиве ќе биде санирана, но не и асфалтирана бидејќи со децении не се решени комуналните проблеми . Кога ќе се изгради подземната  инфраструктура дури тогаш  ќе се отвори можност да се изготвува проект за патната инфраструктура . Ова е одговорот на градоначалникот Зоран Дамјановски на барањето на жителите улицата да биде асфалтирана.
– Mора да се најде некое решение во насока да се истампонира, да се…

Read More

Претседателката на „УНИТ“ утре на суд

Претседателката на „УНИТ“ утре на суд

Претседателката на здружението на стечајни работници, Лилјана Георгиевска утре треба да се појави на судење во скопскиот Основен суд 1 поради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување на материјална штета на протести пред Владата. Прекршочната пријава против Георгиевска е од 2014-та година. Иако таа деновиве примила две покани од судот за истото дело во два различни термини, сепак вчера кога отишла во Скопје била известена од адвокат дека станувало збор за грешка и…

Read More
1 851 852 853 854 855 926