Ќе се осветлува стариот градски парк

Ќе се осветлува стариот градски парк

Целосно ќе биде осветлен стариот градски парк во Куманово. Јавното претпријатие „Куманово паркинг“  денеска започна со реализација на проектот за осветлување, односно поставување на 65 канделабри во паркот кај градскиот стадион. За овој проект претпријатието одвои  2,5 милиони денари.
-Канделабрите се алуминиумски, со висина од четири метри и предвидено е да се постават низ целиот градски парк ,со што,целокупниот простор на паркот,ќе биде осветлен. Проектот беше најавен и во програмата за работата на јавното претпријатие за тековната…

Read More

Штрајкува судската администрaција

Судската администрација и денеска го продолжи штрајкот кој започна пред 8 дена. Според синдикалната организација на Основен суд Куманово штајкот е успешен со 100 процентно учество на вработените.Тие остануваат на своите барања- измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7:30 до 15.30 часот.
-Притисоци од  страна на судиите и претседателот на судот немаме, единствено како притисок може…

Read More

Светски ден за борба против пушењето

Пушењето е еден од ризик факторите кое што може да придонесе за појава на многу негативни заболувања на организмот, како што се тромбоза, разни крварења во мозокот, срцеви болести и слично , рече по повод меѓународниот ден за борба против пушењето невропсихијатарот Драги Караџински. Пушењето е штетно по здравјето на граѓаните, а особено за по  младите генерации поради што лекарите порачуваат борбата против оваа зависност и навика да продолжи на сите полиња.
-Во последно време можам…

Read More

ВМРО ДПМНЕ со иницијатива за измена на буџетот

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ покренува иницијатива за измени на буџетот со што ќе се издвојат средства за распишување конкурс за ново идејно решение на крстосницата помеѓу булеварите „Октомврска револуција “и „Трета МУБ“.  Ова денеска на пресконференција го соопшти претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Драган Петковски.
-Тоа е само една од многуте гормили проблеми и се надеваме дека со ова ќе иниицираме решавање и на останатите. Општинскиот комитет ….до вашиот мандат,  изјави Драган Петковски,…

Read More

Болести на тироидната жлезда

Во земјава расте бројот на лицата што страдаат од нарушување на работата на штитната жлезда . Но, за жал многу од пациентите лекуваат други болести , долготрајно и безуспешно без да се посомневаат дека проблемите им се предизивикани од зголемено или намалено лачење на тироидната жлезда, предупредуваат лекарите. Во нашата држава имаме недостиг на продукти што се богати со јод , а внесувањето на јодот всушност влијае на исправната работа на тироидата, велат надлежните, но…

Read More

Се мереше нивото на шеќер во крвта во „Тоде Мендол“

Здружението на дијабетичари денеска организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта, кое се одржа во населбата Тоде Мендол.  Претседателот на огранокот од оваа населба, Јовица Стојчевски истакна дека одзивот на граѓаните е голем. Додаде дека и другите места треба почесто да организираат вакви акции, бидејќи се работи за лица од третата добра на кои им се потребни контроли. Тој додаде дека нивниот огранок е еден од најактивните во општината.
Претседателот на здружението на дијабетичари, Стефан…

Read More

Градоначалникот ќе го прифати предлогот за кружен тек

Градоначаланикот на општина Куманово,Зоран Дамјановски  на денешната прес конференција,која следеше како одговор на обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, рече дека е  отворен за идеи и дека ќе ја прифати иницијативата за изградба на кружен тек кај крстосницата на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“, но дека претходно е потребно да се донесе идејно решение за оваа крстосница.
Тој рече дека етaпно се работи и на санација и реконструкција на улиците во две зони од…

Read More

ВМРО ДПМНЕ ќе иницира изградба на кружен тек

Со симболично блокирање на крстосницата помеѓу булеварите Октомвриска револуција и Трета Македонска ударна бригада, општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово денеска го изрази револтот поради сообраќајниот хаос, за кој како што посочија од партијата директно е одговорна неспособната локална власт.
– Токму оваа крстосница е одберена  бидејќи е синоним за невидено лошо, нестручно изработено и нееефикасно сообраќајно решение кое предизивикува големи материјални штети и трагични последици, изјави Бране Петрушевски, член на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово
ВМРО…

Read More

Граѓаните немаат еднаков пристап до вода

6,6 проценти  од граѓаните  на општина Куманово се снабдуваат со вода за пиење од сопствени бунари и јавни чешми, а тоа пак значи дека овој процент на население нема  пристап до безбедна вода за пиење. Во однос на пристапот до  санитација односно одведување на отпадните води 21,6 проценти од вкупното населние во општина Куманово користат индивидуални септички јами,  а исто толку жители и немаат третман на отпадните води, информираат надлежните од центарот за јавно здравје….

Read More

Раководството на Окта во посета на општината

Менаџерскиот тим на рафинеријата Окта денеска беше во работна посета на локалната самоуправа. Со оваа средба се официјализираше меморандумот за соработка меѓу општината и компанијата  како  странски инвеститор. Повод за посетата беше запознавање со првите луѓе на градот , кој пред Нова година доби противпожарно возило донација од Окта  со што територијалната противпожарна единица го зголеми возниот парк.
-Суштината на соработката е бидејќи ние сме единствена голема општина која е во непосредна близина на компанијата која…

Read More
1 876 877 878 879 880 926