Дамјановски: Работиме на решавање на проблемите

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги користи локалните проблеми, за да го прикрие политичкиот срам на централното раководство, за безсрамната аболиција, истакна првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.
Тој нагласи дека ќе продолжи да им дава поддршка на граѓаните во борбата за демократијата и слободата. Додаде дека е запознаен со проблемот на улицата Народна Револуција, и истиот ќе биде решен во втората развојна програма, која ќе започне да се реализира од септември.
-Народна ревоулиција со конекција за пат…

Read More

Здружението Етно ризница издаде ЦД

На плоштадот во Старо Нагоричане во вторник ќе се одржи манифестација на која ќе биде промовирано првото ЦД на Здружението Етно ризница, кое е дел од проектот Трилогија од изворни народни мелодии од североисточниот регион. Цедето содржи 16 композиции, повеќето се стари песни, изработени во нови аранжмани. Песните ги изведуваат Душко Георгиевски, Влатко Алексовски, Благоја Груевски, Ирена Спасовска, Круме Спасовски, Нино Величковски, Васил Валканов од Бугарија и други.
-Навистина е тоа премногу големо богатство и ние…

Read More

Општината поддржува изградба на спомен обележја

Куманово е речиси единствениот град во државава без спомен обележје на загинатите бранители во конфликтот од 2001-та година. И покрај неколкуте досегашни иницијативи на здружението на бранители  за изградба на споменик во чест на бранителите, реализација нема.
Локалната самоуправа не може да биде инвеститор на спомен обележја, но ќе ги поддржи иницијативите на сите заинтересирани невладини и граѓански здруженија за изградба на спомен обележја без разлика дали станува збор за бранителите од конфликотот или за загинатите…

Read More

ВМРО ДПМНЕ: Дамјановски да ги реши комуналните проблеми

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска ја повикаа локалната власт  ги согледа и да ги реши комуналните проблеми во куманово, почнувајќи од улицата Народна револуција.  Според Срѓан Ивановски, одговорноста за постоење на дупки на улицата, недостиг од тротоари, необележани пешачки премини и небезбедното одвивање на сообраќајот во кој што секојдневно учествуваат илјадници кумановци е на градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Советот, Максим Димитриевски, која што сакааат да ја сокријат зад шарената револуција.
Ивановски вели…

Read More

Нов проект за учество на жените во политиката

Јавно и политичко учество на жените Ромки е проектот кој што беше промовиран  денеска од  партнерските организации ДАЈА  од Куманово и КХАМ од Делчево. Претседателката на Даја, Дилбера Камберовска  вели дека и покрај тоа што повеќе години невладината организација работела на кампања за политичко јакнење на жената ромка и за нејзино поголемо учество, сепак  жената Ромка не е доволно вклучена во политиката.
-Има одреден процент но не е доволен , има жени што се вклучени во…

Read More

Новороденче фрлено во корпа за отпадоци

Студентка од Скопје се породила во тоалет на граничниот премин Табановце, со заби ја прегризела папочната врвца на новороденчето, и без никаква совест и мајчинска грижа живото дете го фрлила во корпа за отпадоци и продолжила на апсолвентска екскурзија во Чешка Република. 23 годишната девојка која што веќе била во поодмината бременост односно во седмиот или осмиот месец ,а за која што никој не знаел ниту пак постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана, додека…

Read More

Романот „Сама“ во изведба на деветоодделенци

Учениците од деветто одделение од основното училиште „Кочо Рацин “синоќа на театарската сцена го поставија романот „Сама“ од авторот Горјан Петревски. Ова беше завршна претстава за заокружување на нивното деветгодишно образование. Проектот го раководеше профеорката по македонски јазик Катерина Костадинова, која потенцира дека романот не е случајно избран. Тоа е лектира за деветто одделение која во себе носи многу животни поуки.
-Животните мисли ќе ги пренесат учениците на публиката не само на децата туку и на…

Read More

Се одржа „Детски семафор“

Ученици од 12 основни и средни училишта од Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Кратово и Крива Паланка денеска учествуваа на регионалниот сообраќаен натпревар Детски семафор и сообраќајна-техничка култура, кој се одржа во училиштето „Толи Зордумис“.
Основците се натпреваруваа во возење велосипед по соодветно подготвен полигон, додека средношколците решаваа тестови. Марјан Павличек, од отсекот за сообраќај при СВР Куманово истакна дека учениците покажал значителни резултати.
-Како и неколку години наназад така и оваа соработка со општинскиот Сектор за сообраќај на…

Read More

Олимписки ден во Куманово

На атлетскиот полигон во средното стручно училиште „Наце Буѓони денеска се одржа олимпски ден, на кој учествуваа ученици од основните училишта,„Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков. Основците имаа можност да играат мал фудбал, ракомет, трчаа на атлетската стаза на двесте метри. Манифестацијата ја организира Македонскиот олимписки комитет. Присутните ги поздрави претседателот на организацијата Васил Тупурковски, кој истакна дека му е чест што натпреварувањето се одржува во Куманово, кој е олимписки град а исто така и општина…

Read More

Асфалтирани улици во Ајдучка чешма

Се реши повеќедеценискиот  проблем на дел од жителите на населбата„ Ајдучка чешма“. Улиците „522 “ или како што граѓаните ја нарекуваат улица „Бара“  и „500“  добија асфалт што значи дека одењето по кал и дупки  веќе е минато. Граѓаните се благодарни на локалната самоуправа што ги зела предвид нивните барања за решавање на проблемот.
Улицата „522 “ вчеравечер  беше свечено пуштена во употреба со сечење на лента од градоначалникот Зоран  Дамјановски, претседателката на форумот на жените…

Read More
1 879 880 881 882 883 926