Претставници на иницијативниот одбор на граѓани за помош на поплавените од Скопје, од утре од врата на врата ќе ги посетуваат настраданите семејства и ќе делат од донираните продукти. Сметаат дека на овој начин луѓето ќе можат побргу да ги добијат потребните продукти.
-Во соработка со Црвениот крст и Кумановски акцијаши веќе имаме една екипа што е на терен. Денеска правиме список на уште две екипи да им помогнеме директно на нашите пријатели и браќа и…
Ротатор
„Крепост“ и „Сума“ собираат помош за Скопје
Хуманитарната организација Крепост во соработка со трговскиот центар Сума денеска и утре организира акција за собирање помош за поплавените семејства во скопскиот регион. Организаторите истакнаа дека се задоволни од досегашниот одзив на граѓаните.
-Акцијата е во три дела првиот е со продажба на маици со логото на Крепост по симболична цена од 200 денари, втората е финансиска кутија и донација за оние луѓе кои не можат да обезбедат прехранбени продукти, кои ние ќе купиме и ќе…
Кумановци се збогуваа од Божиновска
Претставници на семејството, градоначалникот, советници, членови на највисокото раководство на општинската организација на СДСМ, колеги и други, денеска се простија од Жаклина Божиновска, која загина во невремето на обиколницата кај Смилковско езеро. На комеморацијата се обрати Марина Алексовска, координаторката на Форумот на жени на СДСМ, каде што беше дел и Божиновска. Таа истакна дека биле исполнети со неверување, шок, горчина и тага кога ја слушнале жалната вест за ненадејната и трагична смрт.
-Прераното згаснување на нејзиниот…
Нема опасност од излевање на речните корита
Во градот нема опасност од излевање на речните корита по врнежите кои што изминатата ноќ ја зафатија територијата на Куманово , потенцираше денеска Живко Наковски од општинскиот штаб за заштита и спасување . Тој на вонредната седница ги информираше советниците дека општинскиот штаб внимателно ја следи состојбата со врнежите, а се преземаат и превентивни мерки.
Наковски посочи дека во текот на вчерашниот ден градоначалникот зоран дамјановски одржал состанок со директорите на јавните претпријатија водовод и чистота…
Парична помош од општината за поплавените
Еден милион денари ќе бидат одвоени од буџетот на општина Куманово како помош за поплавените населени места во Скопје. Еднократна парична помош од 180.000 денари ќе добие и семејството на 43 годишната Жаклина Божиновска која настрада во поплавите на обиколницата кај Смилковско езеро враќајки се од еднодневен излет во Охрид. Одлуката едногласно беше донесена на денешната вонредна седница на Советот на општината.
-Што се однесува до нашата сега веќе покојна како помош на нејзиното семејство одвоивме…
Политичките партии со хуманитарни акции
Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, како и општинската организација на СДСМ, од вчера започнаа со акции за собирање помош за семејствата во поплавените подрачја. Тие ги повикаа сите хумани граѓани во наредните денови да донираат секаков вид на помош во седиштата на нивните партии.
-Во период од 14 до 19 часот организиравме штанд на кој ќе собираме донации за оштетените луѓе во поплавите кои го зафатија Скопје во тек на минатата ноќ. Штандови ќе…
Општина Куманово собира помош за Скопје
Со две противпожарни екипи и една од јавното претпријатие Водовод, општина Куманово во текот на вчерашниот ден се обиде да помогне на поплавените подрачја во скопскиот регион.
-Искрено сочуство до настраданите се разбира дека и ние како општина Куманово преземаме одредени мерки за помош на настраданите. Цело претпладне со градоначалникот и директорите на јавните претпријатија одржавме низа состаноци така што сега моментално имаме три екипи наши испратено и градоначалникот на Куманово е на терен во Скопје….
300 капачи дневно во бањата Стрновац
За одржување на бањата Стрновац последниве три години се грижи јавното комунално претпријатие „Козјак“ од Старо Нагоричане. Директорот Борко Соколовиќ објаснува дека протокот на водата е 12 литри во секунда , а температурата е константна во текот на целата година и изнесува 39,5 степени целзусови. На секои три дена се испушта водата од базенот , а потребни се само 3 до 4 часа повторно да се наполни со термоминералната вода. Бањата се наоѓа на три…
Read MoreБањата Стрновац ќе се издава под концесија
Термоминералниот извор Стрновац во општината Старо Нагоричане ќе се даде под концесија. Заменик министерот за економија Христијан Делев денеска при посетата на бањата ги повика приватните стопанственици да се пријават на огласот за доделување концесија за експлоатација на термоминералниот извор кој што ќе биде објавен за две недели.
– Од овде сакам да порачам еден апел до бизнис заедницата да се пријават на овој оглас бидејќи ќе ја издаваме под концесија термоминералната вода а паралелно со…
Масовна посетеност на отворениот базен
Отворениот градски базен денеска ги прими првите капачи. Најмладите но и повозрасните се разладуваа во водата, и го искористија времето за дружба со најблиските. Надлежните од општина Куманово, која привремено стопанисува со објектот, истакнаа дека се задоволни од посетеноста на првиот ден.
-Моментално е 12 часот, два часа работи базенот, а веќе се продадени над 250 карти ова уште еднаш потврдува дека вакво нешто, ваков објект му беше потребен на градот, инвестицијата е доста значајна за Куманово….