УМС ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот е фантом

Членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска истакнаа дека од сите 11.000 лица кои СДСМ ги прогласи за фантоми, утврдиле дека постои еден и единствен фантом во градот, односно градоначалникот Зоран Дамјановски. По повод 1-ви април, Денот на шегата, младите од ВМРО ДПМНЕ на ироничната прес-конференција, како што нагласија ова лице фантом ветило капитални инвестиции, справување со цврст отпад, дислокација на посточката депонија и слично.
-Фантомска изградба на современа урбанизирана технолошко индустриска развојна зона во атар на…

Read More

Основци во посета на општина Куманово

Стотина маскирани ученици  од основните училишта денеска имаа можност да се запознаат со работата и функционирањето на локалната самоуправа. Во последно време стана пракса  учениците  да ја посетуваат општината и на тој начин полесно да ја сфатат материјата која што ја изучуваат .
-Изминатите неколку недели имаме посета од учениците односно практична настава на образованието  за делот од општествениот сегмент од едукацијата,  четврто одделение се децата, и тие учат за општина, за  република, за организирано политичко…

Read More

Отворени новите простории на катастар

Пуштени се во употреба новите простории на Одделението  за катастар на недвижности во центарот на градот, спроти зградата на општина куманово. На свеченото  отворање  присуствуваа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски , директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и пратеникот Зоран Ѓорѓиевски .
 
-Претходно,катастарот имаше простории кои беа смесетни на втор кат што беше поотежнато за пристап за граѓаните.Сега,со сопствени средства катастарот веќе направи нови канцелерии,многу блиску до општината,до судот, така што,…

Read More

Јапонската влада со донација за Куманово

100 контејнери и 10 корпи за смет донираше јапонската влада преку УНДП  на Куманово, а деновиви ќе пристигне и возилото за смет. Половина од донацијата е наменета за транзитниот центар  табановце, а останатите контејнери ќе бидат употребени за централното градско подрачје.
-50 ќе бидат ставени во функција,  50 резерва за регионот Табановце и едно возило од 10 кубни метри смет , веќе парите се уплатени на сметка на општина Куманово, овие денови ќе биде донесено и…

Read More

ЈП „Куманово-гас“ се уште во загуба

Во 2015 година јавното претпријатие Куманово гас изградило 500 метри гасоводна мрежа. Ова беше истакнато на вчерашаната седница на советот на општина Куманово. На гасовод веќе се приклучени училиштата Кочо Рацин и Перо Наков, два верски објекти, неколку општински установи, како и 18 станбени објекти во колективна зграда со 34 станбени единици и бројни домаќинства. Но, и покрај тоа што постојано се поголем број кумановци се заинтересирани за приклучок на гасовод, претпријатието бележи загуба. Советниците…

Read More

Заев : Народот е подготвен за промени

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчеравечер од Куманово започна  со серијата трибини на кои ќе ја презентира програмата пред граѓаните. Лидерот Зоран Заев од салата во центарот за култура испрати пораката дека народот е подготвен за промени за подобра Македонија. Заев потенцираше дека СДСМ е подготвен за избори на 05 јуни, но за да се одржат  регуларни, фер и демократски избори  треба да се прочисти избирачкиот список и да се работи на регулација на  на медиумите.
Пред…

Read More

Министерството за труд му помага на семејството Маличевиќ

Откако самохраниот татко, кумановецот Роберт  Маличевиќ  јавно ја раскажа својата тажна животна приказна и искушението  да ги даде ќерките и синовите во Дом за деца без родители за да ги спаси од глад и студ,  голем број граѓани и хуманитарни организации  му помогнаа на ова седумчлено семејство. Во врска со овој случај , денеска се огласи и министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. Таа  посочи  дека  кумановскиот центар за социјални работи  ги презема…

Read More

Соопштение на српската амбасада

Амбасадата на Република Србија испрати соопштение до српските партии, здруженија и заедници во Република Македонија во кое што ги потсетува државјаните на Република Србија кои што живеат во Република Македонија дека најдоцна до втори април 2016та година можат да поднесат „Барање за упис во избирачкиот список дека гласачот ќе гласа од странство“ до амбасадата во Скопје поради гласање на изборите за народни пратеници на Народното собрание на Република Србија кои ќе се одржат на 24…

Read More

Утре ќе се одржи 50-та седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, Комитет утре ќе се одржи 50-тата седница на Советот на Општина Куманово. Вкупно за разгледување има 16 точки.
На дневен ред ќе се најдат извештаите за работа на јавните претпријатија  Водовод, Чистота и Зеленило, Куманово-гас, јавната установа библиотека Тане Георгиевски и друго.
Советниците ќе расправаат и за предлог програмата за енергетска ефикасност на Општина Куманово, 2016-2018, како и акциониот план за оваа година, предлог одлуката за утврдување на…

Read More

Учениците од „Кочо Рацин“ ги донираа играчките

Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“, денеска заедно со наставниците посетија десетина социјално ранливи семејства, на кои им ги подарија играчките коишто ги собраа на вчерашната хуманитарна акција, која се одржа под мотото „Даруваме радост“. Тие го посетија и домот на Сузана Величковска, која во моментов има згрижено четири деца.  
-Ова е една голема чест за мене, децата што се згрижени во моето семјество. Тие се многу среќни, радосни, бидејќи добија многу играчки, а тие…

Read More
1 886 887 888 889 890 927