Се одржа трибина за дијабетес

„Дијабетес-превенција и лекување“ е тема на трибината која се одржа синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а ја организираше општинскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.  Трибината е по повод 14-ти ноември, Меѓународниот ден на борба против дијабетес, а пред присутените за типовите на шеќерната болест, дијагостицирањето, лековувањето, компликациите и превенцијата зборуваше Миомир Панковски, интернист од Центарот за јавно здравје од Куманово. Тој апелираше граѓаните при секој почувствуван симптом на пиење…

Read More

Промовирана стихозбирката „Година без лето“

„Година без лето“ е насловот на стихозбирката на Виолета Танчева Златева, која синоќа беше промовирана пред кумановската публика во градската библиотека „Тане Георгиевски“. За ова дело авторката ја доби овогодинешната награда Браќа Миладиновци, на Струшките вечери на поезијата. Делото кое излезе во печат во април годинава, обработува теми од секојдневието.
-Нема некоја конкретна тема за секој поет, тоа што го живее тоа го обработува во својата поезија, така е и со мене, почнувајќи од мојата секојдневна…

Read More

Сообраќајниците ќе ги обележуваат јавни претпријатија

Неизвесно е обележувањето на улиците во градот. По два пропаднати тендери за добивање изведувач, следното хоризонтално обележување на сообраќајниците најверојатно ќе го врши јавното претпријатие „ Водовод“. Ова денеска го најави градоначалникот Зоран Дамјановски истакнувајќи дека веќе се подготвува развојната програма за комуналното претпријатие која треба да биде усвоена до крајот на месецов, по што ќе започне имплементацијата.
 
– Во однос на хоризонталната сигнализација имаме еден период каде во две постапки не добивме изведувач што беше…

Read More

Се вклучува далновод кој ги поврзува Македонија и Србија

МЕПСО   утре  ќе  го  вклучи  под  напон  новоизградениот  400 киловолтен  далновод,  со  кој  директно  се  поврзуваат  електропреносните  системи  на  Република  Македонија  и  Република  Србија.  Новоизградениот  високонапонски  далновод  е  линиски  објект  и  се  простира  од трансформаторската  станица  Штип  до  македонско­- српската  граница,  поминувајќи  низ териториите  на  општините  Штип,  Карбинци,  Свети  Николе,  Куманово  и  Старо  Нагоричане. Поради тоа, МЕПСО апелира до месното население кое гравитира околу трасата на далноводот строго да се придржува до поставената сигнализација за предупредување…

Read More

Обезбедени средства за проекти во Умин дол и Горно Којнаре

Со 64.000 евра од британската амбасада, кои ги обезбеди Македонскиот центар за меѓународна соработка, ќе се решаваат инфраструктури проблеми во селата Умин дол и Горно Којнаре. Жителите на овие две месни заедници ќе имаат можност во наредните два месеци, поточно на три сесии да дискутират, предлагаат  решенија и на крај да одлучат кој проблем е приоритет за нивното село. Тие ќе расправаат за локални патишта, улично осветлување, спортски терени, канализациона и водоводна мрежа и училишта.
-Предложени…

Read More

Предлог- законот за стечајците пред комисијата

Стечајните работници утре ќе го поднесат новиот предлог закон заедно со собраните потписи кој ќе биде разгледан од надлежната комисија во Скопје . Здружението „УНИТ“ очекува  да се изгласа  новиот предлог -закон со кој од Куманово ќе бидат опфатени само мал дел од вкупно регистрираните 1.200 стечајни работници и технолошки вишок.
 -Утре ќе се подготвиме и заедно со потписите што ги собравме ќе го пуштиме предлог законот во четврток, тука има 350 стечајци,  од 1200 стечајци,…

Read More

Заврши манифестацијата „Месец на книгата“

Со свечена приредба која се одржа во основното училиште Кочо Рацин, денеска заврши манифестацијата Месец на книгата, која е во организација на јавната општинска установа библитека Тане Георгиевски.  На свеченоста беа наградени најдобрите творби кои учествуваа на конкурсот, кој го организираше библиотеката. Директорката Нада Ивановска информираше дека годинава на конкурсот се пријавиле 87 ученици, а 147 ученици од сите основни и средни училишта доставиле ликовни творби.
-Денешнава манифестација завршна на Месецот на книгата овде во ОУ…

Read More

Се одбележува Светскиот ден на дијабетес

Во пресред на одбележување на 14-ти ноември, Светскиот ден на борба против дијабетесот, Здружението на дијабетичари организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта. Акцијата започна во Центарот за дијабетес, по што членовите пешачеа до Спомен Костурница, каде уште еднаш го проверија шеќерот. Претседателот на Здружението, Стефан Јовановски  истакна дека според последните статистички податоци во Општина Куманово има над 6.500 лица заболени од дијабетес, од кои повеќе од 2.000 се на секојдневна инсулинска терапија.
-Основна…

Read More

ХИВ караван на Градскиот плоштад

На Градскиот плоштад денеска се одржа ХИВ караван и форум театар, кој го организираат Интеретник проект од Гостивар и Плус од Куманово, а е дел од проектот Одржување ниска преваленца на ХИВ во Република Македонија-одржлив развој“. Целта на караванот е да се запознаат граѓаните со превентивни програми поврзани со ХИВ сидата и хепатитисот, како и нивната работа со целните групи на сексуални работници, нивните семејства и корисниците на дроги.
-Заедницата треба да дојде поблиску до овие…

Read More

Донирани перници и прекривки во болницата

Нови 100 перници и исто толку прекривки утринава донираше фирмата Жито Маркети на Општата болница Куманово. Донацијата е наменета за акушерскиот оддел, но по потреба ќе се користи и за другите одделенија. Директорот на болницата, Ариф Љатифи истакна дека ваквите акции се многу важни за градење подобро општество, кое преку солидарност ќе ги социјализира граѓаните, а со тоа ќе се помогне онаму каде што е најпотребно.
-Оваа донација е од големо значење за нашата болница и…

Read More
1 900 901 902 903 904 927