ВИДЕО: Бобан Стефановски го искачи најголемиот врв во Иран

ВИДЕО: Бобан Стефановски го искачи најголемиот врв во Иран

Кумановецот Бобан Стефановски го искачи Дамаванд, највисокиот планински врв во Иран и Мала Азија. Стефановски досега има искачено седум високогорски врвови. Искачувањето на Дамаванд, кој е со височина од 5.609 метри, раскажува траело четири дена и било вистински предизвик.

Види повеќе

ВИДЕО: Куманово го има златниот параолимпиец Бранимир Јовановски

ВИДЕО: Куманово го има златниот параолимпиец Бранимир Јовановски

Куманово го има златниот параолимпиец Бранимир Јовановски. За успешната спортска кариера и освоени над 50 медали на меѓународни натпревари, афирмација на државата, овој кумановец неодамна беше одликуван со орден којшто го доделува претседателот, Стево Пендаровски. Јовановски кариерата ја продолжи како уште поуспешен селектор на репрезентацијата за лицата со попреченост. Своето знаење сака да го пренесува и на младите дечиња во Куманово, но услови за тренинг засега нема.  

Види повеќе

ВИДЕО: Нови успеси на атлетичарите на Младинскиот куп

Прво место во женска категорија и трето место севкупно на младинскиот куп на Македонија, се резултатите коишто викендов ги постигнаа атлетичарите на Атлетски клуб Куманово. По трет пат Теа Алексовска ги помести границите на државниот рекорд во фрлање кладиво, кој сега изнесува 31, 79. Освои две први места во фрлање диск и кладиво, второ место во фрлање ѓуле и трето во трискок.  Дијана Вукановиќ освои две први места на 400 метри со пречки и 200…

Види повеќе

ВИДЕО: Фудбалски турнир во чест на Милко Илиевски

ВИДЕО: Фудбалски турнир во чест на Милко Илиевски

Во село Пчиња започна шестиот меморијален турнир во чест на Милко Илиевски. Организаторите информираат дека се задоволни од интересот. Пријавени се 18 екипи од Пчиња, Куманово и Скопје.

Види повеќе

ВИДЕО: Прв меморијален турнир во чест на Чедомир Трајановиќ

ВИДЕО: Прв меморијален турнир во чест на Чедомир Трајановиќ

Под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово вчеравечер се одржа првиот Меморијален турнир во чест на поранешната ракометна легенда на Куманово, Чедомир Трајановиќ. Иницијатори на ревијалната средба се поранешни ракометари и други спортски работници од Куманово. Турнирот се одигра на спортското игралиште кај Соколана.

Види повеќе

(ВИДЕО)Кумановецот Тони Милошевски го „освои“ Арарат

(ВИДЕО)Кумановецот Тони Милошевски го „освои“ Арарат

Членовите на кумановското планинарско друштво „Козјак 2013“,Тони Милошевски и Сибел Јакуповиќ од Скопје, успешно се искачија на највисокиот врв во Турција. Арарат е со надморска височина од 5.137 метри. Авантурите на лиценцираниот водич Милошевски продолжуваат, но, засега не открива кој е следниот високогорски врв планиран за искачување.  

Види повеќе

Велосипедиската Анита Величковска освои прво место на меѓународен велосипедски маратон

Велосипедиската Анита Величковска освои прво место на меѓународен велосипедски маратон

Младата велосипедистка Анита Величковска од Куманово освои прво место во женска категорија на меѓународен велосипедски маратон, кој се одржа викендов во Република Србија. Имено по деветти пат во Србија се одржа велосипедски маратон „Три стране Копаоника“. На маратонот стартуваа над 400 велосипедисти. Станува збор за познат спортски настан, со долга традиција, каде се собираат љубителите на планински велосипедизмот и планинско трчањето. На патеката „Јела“ долга 33,5 километри, настапи нашата Анита Величковска, која го освои првото…

Види повеќе

Бисера Паскал потпиша едногодишен договор со тим од Израел

Бисера Паскал потпиша едногодишен договор со тим од Израел

Голманката Бисера Паскал од Куманово, која досега бранеше за тимот на Тенерифе, од Шпанија, се сели во Израел. Таа потпиша едногодишен договор со клубот Бнеи Херзлиуа. Тимот се натпреварува во првата израелска лига, и има високи амбиции сезоната 2022/2023 клубот да ја заврши прв на табелата. Паскал кариерата ја почна во ЖРК Куманово, каде што освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија. Taa е родена во 1996 година во Куманово….

Види повеќе

ВИДЕО: Пливачите од „Делфин“ со бројни награди од интернационален митинг

ВИДЕО: Пливачите од „Делфин“ со бројни награди од интернационален митинг

Со бројни награди се вратија пливачите на клубот „Делфин“ од Куманово од интернационалниот пливачки митинг „Делфин Спирит 2022“, кој се одржа во Скопје. Дури осум златни, две сребрени и една бронзена медала освоија тројца членови на клубот. Најуспешниот Ерин Тричковиќ, освои дури 9 награди, Андреј Живковски беше прв во дисциплината градно на 50 метри, додека Леонид Алексовски освои трето место во дисциплината 50 метри делфин. Од клубот истакнуваат дека задоволни од постигнатите резултати, и покрај…

Види повеќе

ВИДЕО: Заврши турнирот во мал фудбал „Видовден 2022“

ВИДЕО: Заврши турнирот во мал фудбал „Видовден 2022“

На терените на Соколана вчеравечер се одигра финалето на турнирот во мал фудбал „Видовден 2022“. Најдобри резултати постигна екипата на Градска пивница. Дваесеттиот турнир „Видовден“  е во организација на Српската заедница во Македонија, регионална организација Куманово, поддржан од Општинскиот Сојуз на спортови во Куманово.

Види повеќе
1 5 6 7 8 9 37