Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Копер, Словенија, Алеш Бржан, остварија средба со македонски иселеници на која разговарале за актуелните теми кои нив ги засегаат. Како што изјави Спасовски, меѓу другото, разговарале за одлуката на Владата со која на граѓаните на кои им е истечена патната исправа, или истекува по 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021 година. Целта е да им се излезе во…
Read MoreМакедонија
МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде неработен ден
Измените на Законот за работните односи, кој беше усвоен на владина седница, прецизно утврдува дека недела е ден на неделен одмор и гарантира дека за над 92 проценти од работниците недела ќе биде неработен ден, тврдат од Министерството за труд и социјална политика.
Според нив, законот јасно ги дефинира дејностите кои ќе можат да работат во недела и станува збор само за дејности кои се неопходни за функционирање на државата.
Вработените во овие дејности ќе добијат дневница…
МНР: Протерувањето на дипломат од Москва е одлука базирана на политичка освета
Министерството за надворешни работи информира дека денес вршителот на работите во Амбасадата на Република Македонија во Москва, Оливера Чаушевска – Димовска е повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација при што ѝ била врачена Нота за прогласување ‘нон грата’ на наш дипломат – аташе од Амбасада на Република Македонија во Москва.
Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој според МНР претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка…
Од 1-ви јули без роаминг со соседството
Роамингот станува минато, од 1-ви јули повеќе нема да важи за неколку соседни земји.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од 1ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
MOН: И покрај пандемијата, учебната година успешно заврши
Учебната година и покрај предизвиците на пандемијата успешно заврши, што се должи на големиот ангажман на Министерството за образование и наука како и на сите други директни и индиректни учесници во образовниот процес, рече заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани, во емисијата „200“ на Алсат.
„Анализите на Министерството за образование и наука се дека учебната година, особено за основните и средните училишта, завршува според очекувањата и предвидувањата што ги имавме од почетокот на учебната…
До вчера вкупно вакцинирани 250.813 граѓани
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над…
Почна пријавувањето за ваучери за домашен туризам од 200 евра
Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката- организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.
Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување…
МЗ: Вакцинацијата се одвива непречено
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 443.374 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 249.187 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.755 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.142 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 399.962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150.775 граѓани.
Со последните бројки 48% од…
Индиски сој на ковид-19 детектиран во Македонија, пациентот се вратил од Ирак
Од Министерството за здравство соопштуваат дека минатата недела е детектиран индиски сој на ковид-19 кај нас, а пациентот кој е заразен се вратил од Ирак.
„Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на индиски сој на вирусот ковид-19. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил…
Од утре субвенции за вградување на плин во возилата
Сите граѓани кои од утре ќе вградат плински уред во возилата ќе може да аплицираат во Министерството за економија за поврат од 50 отсто на средства од вредноста на својата инвестиција. Повратот на средства не може да биде повисок од 300 евра, напоменуваат од ресорното министерство и додаваат дека за оваа мерка предвидени се 178 илјади евра, односно пари ќе има за околу 600 граѓани.
Огласот за аплицирање ќе трае 60 дена и ќе се оди…