Целосна дезинфекција и забранети посети во „Зафир Сајто“

Целосна дезинфекција и забранети посети во „Зафир Сајто“

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, во кој се сместени над 150 лица од повеќето градови од државата, деновиве се изврши целосна дезинфекција, како превентивна мерка со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Оваа установа ги забрани и посетите до завршување на мерките изречени од Владата, бидејќи старите лица се во групата најризични категории граѓани.

-Согласно новонастанатата состојба постојано ги следиме сите оние насоки кои што доаѓаат од Владата на Република Северна Македонија, така што…

Read More

Димитриевски: Деблокирана Општина Куманово

Димитриевски: Деблокирана Општина Куманово

-Како менаџер на градот горд сум на оваа завршна сметка. Оваа
година ние имаме сериозна реализација на буџетот. Имаме даночни приходи
реализација – 92 проценти, рекордни во историјата на општината, имаме не даночни
приходи рекордни 84 проценти, а во минатото биле 69 отсто. Имаме капитални
реализации за првпат во историјата на оваа општина високи 98 проценти на
капитални расходи, трансферите и дотациите остануваат на исто ниво и имаме мал
пад во делот на донациите во однос на 2018-та година. Сметам дека…

Read More

Дигитализација на книгите во библиотеката идната година

Дигитализација на книгите во библиотеката идната година

Дали градската библиотека
„Тане Георгиевски“ го следи светскиот тренд за дигитализација на печатените
книги и изданија, праша координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ,
Драган Петковски на денешната седница во однос на годишниот извештај за работа
и финансиските извештаи на приходи и расходи за минатата година.  Советниците од опозицијата ги интересираше и зошто
е зголемен бројот на вработените во јавната општинска установа ако бројот на
читателите дневно е зголемен за само неколкумина и на што се должат зголемените
расходи на библиотеката.

Директорката на…

Read More

Редуциран јавниот линиски превоз

Редуциран јавниот линиски превоз

Од денеска возниот ред во јавниот лински превоз во
Куманово е редуциран. Станува збор за возен ред кој важи за
време на зимскиот и летниот училишен распуст, како една од препорачаните мерки за превенција за ширење на вирусот. Во соопштението на Општина Куманово кое што вчера
попладне беше испратено до медиумите се вели: Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животна средина и природа
при Општина Куманово ги информира граѓаните дека согласно новонастанатата актуелна состојба со…

Read More

Известување од Општина Куманово

Согласно издадените мерки и препораки од
Влада на Република Северна Македонија поради  настанатата состојба со корона вирусот,
Општина Куманово ги известува граѓаните дека од утре 13.03.2020 година (петок) во наредните денови до 24 март, нема да
врши прием на странки во сите Сектори и Одделенија на општината.

Шалтерите во архива на општината за
странки ќе работат секој работен ден од 10:00 -14:00 часот  и апелираме до граѓаните при доаѓањето задолжително да ги 
почитуваат и применуваат препораките на Министерството за здравство…

Read More

Утре ќе се одржи седница на Советот

Утре ќе се одржи седница на Советот

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која советниците ќе расправаат за 33 точки од предложениот дневен ред. Полициската станица од општа надлежност Куманово ќе ги информира советниците за преземените мерки и активности во текот на минатата година, а годишен извештај за работа и финансиските извештаи на приходите и расходите за 2019-та ќе бидат презентиран од надлежните во јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“. Советниците ќе расправаат и за годишниот извештај за…

Read More

Затворена градската библиотека, поради коронавирусот

Затворена градската библиотека, поради коронавирусот

По одлука на Владата, како превентивна мерка со цел спречување на ширењето на коронавирусот од денеска е затворена кумановската библиотека „Тане Георгиевски“.

Библиотеката првично вчера ги откажа сите настани, промоции на книги, средби со писатели до 24-ти март, го скрати работното време и ја затвори читалната за посетители.

Но, Владата подоцна одлучи на ниво на државата да прекине работата на библиотеките, студентските и учениците домови, во наредните 14 дена, а вработените во овие институции да…

Read More

„Можеме“ – изборна програма на СДСМ и коалицијата

„Можеме“ – изборна програма на СДСМ и коалицијата

1000 нови работни места 
и поголем раст на сите плати, грижа за сите граѓани, ред, дисциплина и
правда, сите за еко држава, влеговме во НАТО, а можеме и во ЕУ се петте столба
на кои се темели изборната програма на СДСМ и коалицијата „Можеме“ претставена
на 24-от Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз. Со мерките и политиките во изборната програмата градиме економски силна и стабилна земја, рече на
денешната прес-конференција, портпаролката на општинската организација на СДСМ,
Катерина Пешиќ –Бошковска.  

-Праведна, правична и правна…

Read More

Општинскиот штаб за заштита и спасување со препораки и заклучоци

Општинскиот штаб за
заштита и спасување денеска одржа состанок во просториите на Општина Куманово. Поради
новонастанатата ситуација и појава на случаи на корона вирус во Република
Северна Македонија, а во врска со превземање на активности за превенција од
ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), на состанокот на општинскиот штаб
за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставниците на општинскиот штаб
за заштита и спасување, претставници од институции и јавни претпријатија, беа
донесени следните препораки и закучоци:

Во целост да се почитуваат
заклучоците, мерките и…

Read More

Училиштата, градинките, базенот – затворени

Училиштата, градинките, базенот  – затворени

Основните и средните училишта, факултетите и градинките на
целата територија на државава од утрово не работат со одлука на Владата како превентива
од ширење на коронавирусот. Мерката важи 14 дена, односно наставата ќе биде
прекината до 24 март.

Прекинат е воспитно-образовниот процес и наставата и во центрите за ран детски развој и дневни
центри, а вработените лица во овие институции се ослободени од работа во овој
период. Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека по еден
родител на дете до…

Read More
1 658 659 660 661 662 919