Продлабочување на соработката со Србија

Продлабочување на соработката со Србија

Унапредување на правата и можностите на учениците кои
припаѓаат на српската етничка заедница со можност за отворање на билингвални
паралелки во основните и средните училишта беше една од главните теми на
денешната средба на градоначалникот Максим Димитриевски со амбасадорката на
Република Србија во Македонија, Душанка Дивјак –Томиќ, во присуство на
претставници на Министерството за образование на Србија и Секторот за
образование во Општина Куманово.

-Им посакувам успешна соработка и со општината и со
нашите претставници од општината кои што заедно ќе работат…

Read More

Трета форумска сесија на Центарот за развој на СИПР

Трета форумска сесија на Центарот за развој на СИПР

Учесниците на третата форумска сесија во рамките на проектот „Одржлив и
инклузивен рамномерен регионален развој“ денеска имаа можност да гласаат и да
ги рангираат петте предлог- проекти според тоа колку е приоритетна нивната
реализација за подобрување на животот на граѓаните од пошироката заедница и
регионот. Предлог -проектите произлегоа од претходните форумски сесии на кои
што беа дискутирани проблемите кои ги засегаат жителите на регионот и беа
понудени решенија. Регионалните форуми ги организира Центарот за развој на
Североисточниот плански регион.

– Проектот  кој…

Read More

Спасовски и Филипче во посета на ГП Табановце

Спасовски и Филипче во посета на ГП Табановце

Премиерот на државата, Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче денеска го посетија граничниот премин Табановце, каде што извршија увид во спроведување на превентивните мерки за откривање и спречување на ширењето на коронавирусот. Тие информираа дека препораките целосно се почитуваат, а досега од овој премин од ризичните региони влегле над 300 патници.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска заедно со
министерот за здравство Венко Филипче го посетија граничниот премин Табановце,
каде што извршија увид во спроведување на…

Read More

Спасовски: Нема мигранти кои се движат кон нашата држава

Спасовски: Нема мигранти кои се движат кон нашата држава

Засега нема мигранти кои се движат кон нашата држава, истакна премиерот Оливер Спасовски, коментирајќи ги најавите за нов мигрантски бран. Тој посочи дека институциите се подготвени, а од вчера е подигнато и нивото на зголемена безбедност на јужната и северната граница.

-Ние сме во постојана комуникација со соседите, засега нема мигранти кои се движат ни кон Грција, ниту пак на територијата кон нашата држава, нашите институции се подготвени во овој дел, дури од вчера е…

Read More

„Панче Пешев“ се подготвува за вториот меѓународен фестивал

„Панче Пешев“ се подготвува за вториот меѓународен фестивал

Ансамбли од шест држави и шест до седум ансамбли од
Македонија ќе учествуваат на вториот
меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“  во организација на културно -уметничкото
друштво „Панче Пешев“. Со вкупно 500 учесници планирано е фестивалот да се
одржи од 20 до 24 јули годинава на специјално направена бина на градскиот плоштад,
а во случај на лоши временски услови ќе се одржи во центарот за култура „Трајко
Прокопиев“, информира претседателот на Одборот за организација на фестивалот и
на КУД „Панче Пешев“, Мирослав Крстевски.  

-Шест…

Read More

Стартуваше е -наплата на сметките за вода

Стартуваше  е -наплата на сметките за вода

Граѓаните на Куманово веќе имаат можност сметките за
потрошена вода да ги плаќаат електронски со дебитна или кредитна картичка без
провизија. за само три дена со електронската наплата на сметките јавното
претпријатие „Водовод“ обезбеди околу 15.000 денари. За почеток, опцијата за
електронско плаќање е овозможена само за физички лица, додека на процесот кој
ќе овоможи плаќање на фактури за потрошена вода online за правните лица веќе се работи,
информираат од службата за наплата во „Водовод“

-Процедурата е многу едноставна. На веб страницата e-naplata.vodovod-kumanovo.com.mk за…

Read More

Педесетина стопанственици на Бугарско- македонскиот бизнис форум

Педесетина стопанственици на Бугарско- македонскиот бизнис форум

Педестина стопанственици денеска беа дел од Бугарско -македонски
бизнис форум на кој се разговараше за можностите за подобрување на соработката
меѓу двете држави со цел македонските и бугарските компании со заеднички сили
да обезбедат подолгорочно опстојување на меѓународните економски пазари. Според
организаторот на форумот , здружението за поддршка на мали и средни
претпријатија во Бугарија „Обединети бизнис клубови“ многу е битно компаниите
од двете држави секогаш да бидат иновативни за да можат да се изборат на пазарот.

Претседателот на здружението, Веселин Халачев,…

Read More

Диамед Куманово во нов објект по светски стандарди

Диамед Куманово во нов објект по светски стандарди

Диамед Куманово од денеска официјално во нов објект лоциран на улицата
Теофан Економов број 51. Дијализниот центар во Куманово работи по најсовремените
светски стандарди по кои што работи Диаверум групацијата со цел да се обезбеди
покомфорен третман за пациентите и подобри работни услови за вработените во
здравствената установа, истакна денеска по отворањето на Диамед Куманово,
генералниот директор на Диаверум Македонија, Димитар Клисаровски.

-Дијализниот центар во моментот има капацитет за 35 дијализни места што
значи имаме капацитет да примиме 140 пацинети за…

Read More

Едукативно сообраќајно предавање во „Наце Буѓони“

Едукативно сообраќајно предавање во „Наце Буѓони“

Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ денеска се одржа едукативно сообраќајно предавање во рамки на кампањата „Биди паметен – стави појас“, која ја реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот во патиштата и општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Куманово. Кампањата е за подигање на свеста за поголема употреба на сигурности појаси на патниците и возачите.

-Следејќи ги состојбите со безбедноста во патниот сообраќај и истражувањата покажуваат дека помалку од 30 проценти…

Read More

Владина делегација ја посети компанијата „Босут“

Владина делегација ја посети компанијата „Босут“

Вицепремиерката
за економски прашања Мила Царовска, заедно со министерот за странски инвестиции
Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика
Санела Шкријељ и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска  утринава ја посетија текстилната компанија
Босут. Тие се сретнаа со менаџментот
на команијата, која произведува ХТЗ опрема, но е и која работи со
поддршка на државата, во рамки на три мерки, зголемување на капиталните
инвестиции, поддршка за креирање на нови работни места и поддршка за зголемување
на конкурентноста на пазарот….

Read More
1 662 663 664 665 666 920