Момче паднало од зградата на поранешен „Жито-мел“

Момче паднало од зградата на поранешен „Жито-мел“

Четиринаесетгодишно момче од Куманово е повредено откако завчера паднало од напуштената зграда на поранешната фабрика
„Жито-мел“ .

Момчето таму
заминало со своите другари за да се фотографира, соопштува полицијата. Според
МВР, на осми февруари во
15 часот во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово било пријавено дека од
улицата
„Тодор Велков“, било
донесено дете со повреди од пад.

Веднаш по пријавата, полициски службеници  излегле на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу
14,30 часот, шест малолетни лица  заминале во
зградата на поранешен „Жито-мел” со…

Read More

Кумановци покажаа хуманост, голем интерес за Куманизам = Хуманизам

Кумановци покажаа хуманост, голем интерес за Куманизам = Хуманизам

Бизнис заедницата од Куманово ја покажа својата хуманост на синоќешниот настан „Куманизам-Хуманизам“, кој го организираше граѓански центар АктивУм.  Тие, но и претставниците на локалната власт, имаа можност да донираат за социјалните ранливите категории граѓани преку котизација за учество во настанот, директни донации или учество во аукција на слики и фотографии, кои што беа изложени во Занаетничкиот дом.  Хуманитарен настан од забавен карактер, всушност имаше за цел да ја подигне на повисоко ниво општествената одговорност за…

Read More

76 години од загинувањето на Карпош

76 години од загинувањето на Карпош

На денешен
ден пред 76 години од страна на бугарскиот окупатор бил убиен козјачкиот
командант , Христијан Тодоровски Карпош во селото Биљача. Карпош е
еден од осумте народни херои од кумановско кои ги дадоа своите животи во текот на
Народноослободителната борба.

Повеќе
делегации предводени од општинската организација на Сојузот на борците, Општина Куманово, АРМ, политички партии и останати денеска положија цвеќе пред 
неговата биста во спомен куќата. Со едноминутно молчење присутните му оддадоа
почит на кумановскиот херој, како и на револуционерите кои ги…

Read More

„Карпошова вечер“ во клубот на ветерани

„Карпошова вечер“ во клубот на ветерани

По повод 76 годишнината од загинувањето на козјачкиот
командант и народен херој Христијан Тодоровски Карпош вчеравечер традиционално
беше организирана „ Карпошовата вечер“ од Здружението на армиски и полициски
ветерани од активен и резервен состав на Куманово. За животот и делото на
Карпош пред присутните во Клубот на ветерани, говореа претседателот на здружението,
Драган Стојмановски, градоначалникот Максим Димитриевски и Миланка Миловановиќ
– Зафировска.

Претседателот , Драган Стојмановски, зборувајќи за
народниот херој, меѓу другото потсети дека борбениот пат на Карпош започнал во
октомври 1941 –та…

Read More

„ Мак-Дам“ со крводарителска акција

„ Мак-Дам“ со крводарителска акција

Од година в година се поголем е интересот за учество во
крводарителските акции што ги организира риболовното друштво  „Мак – Дам“ од Куманово, а годинава значителен
процент од крводарителите беа жени. Ова е шеста акција за дарување на крв, а
очекувањата на членовите на риболовното друштво се дека годинава ќе бидат
собрани над сто единици.

-Вообичено имаме по 90 крводарители, оваа акција очекуваме
над 100, станува збор за успешна акција . Планираме  по две акции наредните  години,а  има и нови…

Read More

Трибина „Дигитализација на јавните услуги“

Трибина  „Дигитализација на јавните услуги“

„Дигитализација на јавните услуги“ беше тема на денешната јавна трибина  во организација на министерството за информатичко општество и администрација што се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово. На третата од серијата јавни трибини се зборуваше  за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирање на јавната администрација. Посебен фокус беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за…

Read More

(ФОТО) Училиштето „Христијан Карпош“ го прослави патронатот

(ФОТО) Училиштето „Христијан Карпош“ го прослави патронатот

Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата „Перо Чичо“, денеска одбележа шеесет и една година од своето постоење и 76 години од смртта на козјачкиот херој.

Присутните имаа можност да проследат богата културно уметничка програма, која ја подготвиле учениците заедно со наставниците.

Директорката, Лидија Костиќ истакна дека се горди за резулатите кои што ги постигнале изминатиот период.

-Оваа година сакаме да одбележиме на поинаков начин решивме тоа да биде преку работа на стручни активи. Секој стручен…

Read More

Спречени обиди за криумчарење стока

Спречени обиди за криумчарење стока

Царинските службеници во текот на месец јануари годинава откриле повеќе
обиди за криумчарење стока и четворица мигранти. Како што информираат од
Царинската управа,  на Граничниот премин Табановце, царинските службеници заплениле спортска облека и
разна стока од футроли за очила до обувки и облека, односно 139
парчиња спортска облека (шорцеви, маици, тренерки и дуксери), биле откриени при
контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин,
пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Возачот пријавил
дека носи спортска опрема спакувана во…

Read More

Терапевт ќе работи со корисниците на „Зафир Сајто“

Терапевт ќе работи со корисниците на „Зафир Сајто“

Работен терапевт секојдневно од понеделник до петок ќе
работи според утврдена програма со корисниците на услугите на домот за стари
лица „Зафир Сајто“. Работната просторија целосно е подготвена минатата година, информира
директорот на јавната општинска установа, Дејан Стојановски.

-Тоа е нешто на кое што ќе работам и во 2020-та година. Сметам дека само инфраструктурните проекти и зафати не се пресудни за квалитетно сместување во една установа, туку и дека персоналот како таков, идеите, креативноста негова, посветеност, сенсот да…

Read More

ЛДП организираше трибина за своите членови

ЛДП организираше трибина за своите членови

„Размислувај
различно – либерално кон Европа“ е насловот на трибината која синоќа ја
организираше Либерално-демократската партија. Пред присутните во Занаетчискиот
дом, се обрати претседателот на партијата, Горан Милевски, кој е и актуелен
министер за локална самоуправа.  Тој посочи дека целта на ваквите
трибини кои се организираат низ повеќето градови, е да се анимира членството,
да се потсети на либерално демократските заложби.

-Кога сте
подолго време во коалиција со некој, си ги заборавате своите вредности, така е
добро да ги реафирмираме пред нашето членство,…

Read More
1 666 667 668 669 670 920