Отворена „Роса школа за родителство“ во болницата

Отворена „Роса школа за родителство“ во болницата

Младите родители од денеска можат да ги користат услугите
на новоотворената Роса школа за родителство во рамките на кумановската општа
болница. Идните и младите родители можат да се информираат за нега, исхрана на
новороденчињата, мајките за здравјето, негата и исхрана за време и по
бременоста и да добијат  информации од стручниот кадар од болницата. Во школото
ќе бидат ангажирани педијатар, гинеколог, сестри, акушерки, едуцирани и со
повеќегодишно искуство, велат од болницата.

Директорката на болницата, Снежана Захариева изрази
задоволство што болницата е дел од…

Read More

„Крепост“ подари пакетчиња во посебните паралелки

„Крепост“ подари пакетчиња во посебните паралелки

 Хуманитарната
организација „Крепост“ и оваа година изнуди искрени насмевки и среќа кај
учениците со посебни образовни потреби од основното училиште „Браќа Миладиновци“
подарувајќи им новогодишни пакетчиња.  Веќе
традиционално „Крепост “ прва им ги честиташе новогодишните празници на децата
во посебните паралелки заедно со Дедо Мраз.

– Ова е втора акција на нашата организација, првата се
одржа во Бајловце. Во денешната акција израдувавме педесетина деца, нивните
насмевки изразија едно пријатно чувствтво и задоволство кај сите нас. Оваа
акција е петта по ред која што…

Read More

„Англунипе“ подели пакетчиња на деца Роми

„Англунипе“ подели пакетчиња на деца Роми

Хуманитарното ромско здружение „Англунипе“ денеска подели 80 новогодишни пакетчиња на деца од социјално загрозени ромски семејства.

-Ова е голем
ден за мене, секогаш го чекам со нетрпение кога ќе ги гледам овие насмеани лица,
ме охрабруваат и ми даваат поттик да не запреме со оваа акција и да ја правиме
и понатаму. За овој настан да го организираме ни помогна Мултимедија, ресторан стара
Баба Цана, Оли травел и ресторан Браво. Да изразам голема благодарност до нив и
се надевам дека…

Read More

Грепка на двајца кумановци им донесе по 20.000 денари

Грепка на двајца кумановци им донесе по 20.000 денари

Двајца кумановци го збогатиле својот буџет со добивки од 20.000 денари од инстант лозот „Со среќа“, информира на својата фејсбук страница Државната лотарија.

Во првиот случај кумановка купила 5 инстант лозови „Со среќа“ за неа и нејзините внучиња. Во вториот случај пак бројот 24 од истата грепка исто така ги разубавила претстојните новогодишни празници на едно семејство од градот. Кумановец купил 3 лоза од исто продажно место и сите биле добитни. Два лоза имале добивка…

Read More

Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар

Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар

Градоначалникот
на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска ги врачи признанијата на
најдобриот полициски службеник, како и најдобриот пожарникар во градот за 2019
година.

За најдобар вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово, по предлог на своите колеги е избран Горан Величковски, додека за најдобар вработен во Територијалната противпожарна единица е прогласен Розе Спасовски.

Градоначалникот им честиташе на признанијата и им порача да бидат пример за своите колеги и да ги мотивираат да бележат високи резултати.

-И со двете
институции имавме одлична…

Read More

Димитриевски подари пакетчиња во дневните центри

Димитриевски подари пакетчиња во дневните центри

Градоначалникот на Oпштина Куманово Максим Димитриевски во придружба на Дедо Мраз денеска им
подари новогодишни пакетчиња на корисниците на двата дневни центра за лица со интелектуална попреченост во Куманово – „Порака наша“ и Центарот за лица со попреченост над 18 години, кој што се наоѓа кај поранешната фабрика
Чик. Станува збор за традиционална посета на дневните центри од надлежните во
општината во пресрет на новогодишните и божиќните празници.  

-Во оваа
прилика сакам да ги поздравам сите кои што работат на проектот од здружението „Порака…

Read More

Утре промоција на „Кумановци за Куманово“

Утре промоција на „Кумановци за Куманово“

Музичкиот
проект „Кумановци за Куманово“ во организација на Асоцијацијата за
култура и уметност „Мулти Арт“ , во вид на ЦД, ќе биде промовиран утрeвечер во Занаетчискиот дом со почеток во 18
часот . Според претседателката на Мулти Арт, Ирена Трајковска, инаку професорка
по музичко образование, станува збор за преработка на десет народни
кумановски песни во
изведба на реномирани, но и помлади пејачи од Куманово. „Јовка кумановка” , Умреја батко Ѓорѓија” „Петра стои на
порта”, „Нане ле , дете ле“, се само дел…

Read More

Нема чекање во редици, лото може да се игра и онлајн

Нема чекање во редици, лото може да се игра и онлајн

Љубителите на игрите на среќа за учеството во Лото и
Џокер можат да уплатат и онлајн преку веб страницата loto.mk, која од неодамна доби нов изглед и функционалност,
па сега е активен и канал за уплата за учество.

Со ова, веб страницата на Државната Лотарија, стана ново мобилно среќно место на играчите на игрите на среќа кои среќните броеви и комбинациите во лото и во Џокер играта  можат да ги уплаќаат и преку интернет од било каде и…

Read More

Делумно подобрени условите за работа на Советот

Делумно подобрени условите за работа на Советот

Делумно се подобрени условите за работа на Советот, кој успеа да ги замени дотраените фотелји со нови, благодарение на грант од проектот Јакнење на капацитетите на општинските совети. Во рамки на овој проект советот издејствува и средства за реконстркција на кровот во исторениот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“, каде што настава следат децата со попреченост.

Нова опрема, мебел набави кумановскиот совет, благодарение
на проектот „Јакнење на капацитетите на општинските совети“, откако доби грант
од Организацијата на…

Read More

Алфи Би компани со награди за вработените

Алфи Би компани со награди за вработените

Трговското друштво Алфи би компани од 1992 година успешно се пласира и развива на домашниот и странскиот пазар, преку пласман на бројни производи, кои со својот квалитет и иновативност придонесуваат за нивна препознатливост кај широката категорија потрошувачи. Техноцентарот кој започна со работа во 2009, годинава одбележува десет години квалитетно работење. Успешната приказна од неодамна се прошири со отворање на нови капацитети во Скопје. Ова, но и претстојните новогодишни празници, беа повод компанијата да организира забава…

Read More
1 673 674 675 676 677 920