„Киро Бурназ“ –домаќин на ученици од пет држави

„Киро Бурназ“ –домаќин на ученици од пет држави

Од денеска до 23 март, средното стручно училиште „Киро Бурназ“ е домаќин на ученици и наставници од пет држави во рамките на проектот  од програмата на ЕРАЗМУС +  „Паметни училници, паметни ученици“. Проектот финансиран од  Националната  агенција за европски програми и мобилност , ќе трае две години , а „Киро Бурназ“ е партнер училиште во проектот  со училишта од Италија,  Турција, Бугарија и Литванија. Свеченото отворање на активноста во Куманово се организираше во салата на…

Read More

Отворен повик за обезбедување на услуги од Здружението “ЦИВИС”

Отворен повик за обезбедување на услуги од Здружението “ЦИВИС”

Почитувани,
Здружениe ЦИВИС – Куманово во партнерство со ТВ ПЛУС Куманово го реализираат проектот: „Повеќе култури – повеќе вредности“. Проектот е финансиран во рамките на проектот “Различноста е во мода – Промоција на мултикултурализам на локално ниво“ кој е спроведуван од Асоцијација за демократки иницијативи (АДИ) во партнерство со мултиетничко здружение „Флоренс Најтингел“и “Стопанска комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ). Проектот е финансиран од Европска Унија.
За потребите на проектот е отворен повик за обезбедување на услуги: канцелариски…

Read More

Пензионерите организираа шаховски турнир

Пензионерите организираа шаховски турнир

Здружението на пензионери Куманово денеска организираше шаховски турнир на кој учествуваа пензионерите од здружението од Бутел од Скопје. Учествуваа 14 екипи а една партија шах траеше 10-ина минути.

– Ова е меѓусебна средба така што нашите пензионери и шахисти беа минатата година сега возвраќаат колегите од Бутел и оваа денешна меѓусебна средба е една дружба, спортување на нашите пензионери да излезат од дома да другаруваат-истакна Љубе Димитриевски, претседател на комисија за спорт ЗП Куманово.
-Дел од нашето…

Read More

Засадени нови садници на Спомен Костурница

Засадени нови садници на Спомен Костурница

Екипи на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, членови на здруженијата Кумановски акцијаши и Извиднички одред, Аметерскиот театар и бројни ученици денеска насадија нови садници на локалитетот Спомен Костурница. Акцијата е во рамки на програмата за борба против аерозагадувањето и стратегијата за озеленување на Куманово.
-Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите присутни волонитери, Здружението Кумановски акцијаши, Аматерскиот театар, Црвениот крст, извидничкиот одред, ЈП Чистота и Зеленило и сите добронамерници на нашиот град за сето…

Read More

Пионерскиот дом никако да стане градинка

Пионерскиот дом никако да стане градинка

Повеќе од половина година Пионерскиот дом во Куманово никако да стане детска градинка. Првично како датум кога овој објект требаше да прими 85 дечиња бше 20 септември, но роковите беа пробиени.
Градежните активности започнаа на 4. август 2017 година, кога министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го посети Куманово и со дваесетина локални функционери го промовираше проектот вреден 3,5 милиони денари. Царовска втората половина на септември 2017 година го означи како датум кога треба…

Read More

Медиумска лабораторија во СОУ „Перо Наков“

Медиумска лабораторија во СОУ „Перо Наков“

Педесетина средношколци од економското училиште Перо Наков денеска учеа како се пишуваат вести, препознаат манипулации и што е улогата на новинарите во општеството. Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и новинарот Жарко Василевски од дневниот весник „Нова Македонија“ ги запознаа учениците со професионалните стандарди на оваа професија.
-Првата причина е да го претставиме средношколскиот весник Медиум со цел да регрутираме идни новинари кои би биле дел од овие содржини, да…

Read More

Ученици во посета на СВР Куманово

Ученици во посета на СВР Куманово

Ученици од основното училиште 11-ти Oктомври денеска беа во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово. Посетата е во рамки на проектот Безбедни училишта кој го спроведува отсекот за превенција.  Осмооделениците се запознаа со работата на дежурната служба, одделот за криминалистичка техника и сообраќај.
-Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на СВР Куманово затоа и отсекот за превенција во текот на целата година спроведува одредени едукативни работилници и тоа воглавно со најмладата популација затоа…

Read More

Меморандум за соработка меѓу ДИК и Инклузива

Меморандум за соработка меѓу ДИК и Инклузива

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива и Државната изборна комисија вчера потпишаа Меморандум за соработка, во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти.
Основен приоритет на двете страни, како што велат од ДИК, е преку реализација на целите од овој Меморандум да придонесат кон зголемување на поддршката на граѓаните со попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес, остварување на нивните…

Read More

Наскоро ќе започне дигитализацијата на „Наш весник “

Наскоро ќе започне дигитализацијата на „Наш весник “

За околу еден месец ќе започне дигитализацијата на Наш весник, кој континуирано излегувал повеќе од четири децении, информираат надлежните од градската библиотека Тане Георгивски. Проектот е отпочнат уште минатата година  согласно Годишниот план за јавни набавки, а на крајот на 2017-та година била набавена и опрема за оваа намена, вели директорот Марјан Петковски.  
-Конкретно за дигитализација на Наш весник беа потрошени околу 700 евра за еден професионален скенер, бесконтактен кој нема да прави оштетување на…

Read More

Делегација од Босилеград ја посети општината

Делегација од Босилеград ја посети општината

Градоначалникот на општина Босилеград, Владимир Захариев денеска ја посети локалната самоуправа. Тој се сретна со првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски. На средбата тие разговарале на неколку теми.
-Разговаравме на повеќе теми меѓу кои и можна соработка на културно ниво но секако и конкретни апликации за пристапните фондови на Европската унија каде конкурсите треба да бидат распишани во следниот период има можност за апликации за повеќе инфраструктурни различни проекти.  Почнувајќи од проекти коишто можат да одат…

Read More
1 726 727 728 729 730 878