ВИДЕО: Отворена изложбата „Фото салон Куманово 2025“

ВИДЕО: Отворена изложбата „Фото салон Куманово 2025“

Во уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово вчеравечер беше отворено 19-то издание на најстарата меѓународна изложба на уметничка фотографија во Македонија – „Фото салон Куманово 2025“. Настанот традиционално го организира Фото кино клуб „Козјак“, член на Фото сојузот на Македонија, со поддршка од Општина Куманово и Министерството за култура и туризам. Изложбата ја отвори претседателот на клубот, Милош Нешковски, кој истакна задоволство од големиот интерес и бројноста на пријавени уметнички фотографии, што уште еднаш…

Види повеќе

ВИДЕО: Квалитетно исполнет денот на децата во градинката „Ангел Шајче“

ВИДЕО: Квалитетно исполнет денот на децата во градинката „Ангел Шајче“

Семејно- креативни работилници и учество на родителите во дневните активности на децата, театарски претстави, посета на градската библиотека, учество во проекти организирани од Секторот за превенција при СВР Куманово, соработка со здружението на средни и виши медицински сестри, со државното средно училиште „Киро Бурназ“, се само дел од активностите што се реализираат во објектите на детската градинка „Ангел Шајче“, согласно програмата зa ран детски развој. Повеќе на оваа тема од изјавата на директорката на јавната…

Види повеќе

ЦУК: Нема нови излевања во кумановско

ЦУК: Нема нови излевања во кумановско

По новите врнежи од дожд, нема излевања во Куманово и Липково, информираат од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, се расчистуваат наноси кај селото Коинце, а зголемени водостои, но без штети се бележат и во кратовско. – Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни…

Види повеќе

ВИДЕО: Ќе се изработува Стратегија за родова еднаквост во Куманово

ВИДЕО: Ќе се изработува Стратегија за родова еднаквост во Куманово

Хуманитарното здружение „Мајка“ денеска ја организираше првата работилница наменета за интерсекторската работна група за подготовка на Стратегијата за родова еднаквост во Општина Куманово.Учесниците во работните групи беа запознаени со методолигијата за изработка на Стратегијата и за улогата на локалната самоуправа во промоција на еднаквите можности.Активностите за развивање на Стратегијата за унапредување на родовата еднаквост во Општина Куманово (2026-2030), се поддржани во рамките на Јавниот повик за финансиска поддршка за организирање на превентивни мерки и активности…

Види повеќе

ВИДЕО: Јавен повик за предлог-проекти за културни манифестации за 2026 година

ВИДЕО: Јавен повик за предлог-проекти за културни манифестации за 2026 година

Одделението за култура и спорт при Општина Куманово го објави јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година. Сите предлог-проекти кои ги исполнуваат условите, а ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2026 година која ќе биде предложена пред Советот на Општина Куманово, соопштија надлежните. -Важно е да се напомене дека оваа година сите…

Види повеќе

МВР: Четиригодишно дете испило повеќе таблети, случајот пријавен во полиција

МВР: Четиригодишно дете испило повеќе таблети, случајот пријавен во полиција

Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово ги издвојуваме настаните: СВР Куманово соопшти дека ноќеска (20.11.2025) во 04:05 часот било пријавено дека во Ургентниот центар е донесено четиригодишно дете за укажување на лекарската помош, кое што во домот испило повеќе таблети. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 55-годишен кумановец затоа што агресивно се однесувал и се обидел со тврд предмет физички да нападне…

Види повеќе

ВИДЕО: Да се избегнуваат активности на отворено при аерозагадување, апелираат педијатрите

ВИДЕО: Да се избегнуваат активности на отворено при аерозагадување, апелираат педијатрите

Началничката на детското одделение во кумановската болница, д-р Маргица Арсовска апелира да се избегнуваат активности на отворено во периодите кога се чувствува аерозагадувањето. Во тој случај, активностите да се изведуваат во затворен простор, по можност сo обезбедени прочистувачи на воздух. – Во време кога ни е најзагаден воздухот да не престојуваат дечињата на отворен простор, кога ќе дојдат дома од градинка или прошетка, ако мора да се оди надвор, обавезно да се измие лицето, да…

Види повеќе

ВИДЕО: Опаѓа водостојот на реката Пчиња, состојбата на терен стабилна

ВИДЕО: Опаѓа водостојот на реката Пчиња, состојбата на терен стабилна

Водостојот на реката Пчиња е во опаѓање, покажуваат податоците од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. По вчерашниот водостој од 120 сантиметри, денеска водата се повлекува, а водостојот е опаднат на 84 сантиметри. Според УХМР, забележано е зголемување на водостојот во долниот дел од сливот на Пчиња, но без опасност од излевање. Вчера реката Пчиња се излеа во атарот на селата Пелинце и Стрновац, но, не беа поплавени објекти.

Види повеќе

Купувајте уникатни новогодишни подароци изработени од корисниците на „Порака наша“!

Купувајте уникатни новогодишни подароци изработени од корисниците на „Порака наша“!

Центарот за рехабилитација и реинтеграција ,,Порака Наша” Куманово ја претстави новогодишната понуда во рамките на која лицата со интелектуална попреченост со многу љубов и труд изработуваат сублимирани производи со уникатен дизајн по ваша желба. „Изберете подароци кои носат порака, топлина и човечност – чаши, шишиња за вода, магнети и приврзоци – персонализирани со вашето лого, порака или новогодишен мотив. Со секоја нарачка не само што ги изненадувате вашите вработени и клиенти со нешто посебно, туку…

Види повеќе

Информативна средба за унапредување на мултикултурализам и меѓуетничка интеграција во образованието

Информативна средба за унапредување на мултикултурализам и меѓуетничка интеграција во образованието

Во организација на комисијата за унапредување на меѓуетничка интеграција во образованието при МОН и ОБСЕ деновиве во Тетово се одржа информативна средба за државни грантови за унапредување на мултикултурализмот/интеркултурализмот и меѓуетничка интеграција во образованието.  На едукативната средба присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ. Во рамките на втората сесија, од нивна страна беше презентирана улогата на Локалниот совет за превенција при Општина Куманово, како одличен…

Види повеќе
1 8 9 10 11 12 1,110