Симулирана сообраќајна незгода во противпожарната станица

Во чест  на претстојниот празник 8-ми Септември, Денот на  независност на Р.М. беше одражана манифестацијата „Заедно за граѓаните“  организирана од Советот на Општина Куманово во соработка со полицијата, Здравствениот дом, општинскиот Црвен Крст и противпожарната единица. Во противпожарната станица беше изведена  показна вежба на симулирана сообраќајна незгода пред граѓаните, учениците од основните и средни училишта, и претставници од повеќе јавни институции. Сообраќајката ја демонстрираа волонтерите од Црвениот Крст, во евакуација на жртвите од несреќата се…

Read More

Реакција на СДСМ на посетата на Груевски

На посетата на Куманово од премиерот Никола Груевски денеска реагираше општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз. Според  портпаролот Сашо Тодоровски,премиерот наместо да се фали со нови прозорци во основното училиште Браќа Миладиновци , треба да каже колку средства во последните 10 година има дадено за Општина Куманово. На Куманово не му е потребен популизмот и инаетот на Груевски. На Куманово му се потребни реални инвестиции кои ќе ги подобрат условите за живот и ќе ги задржат…

Read More

Премиерот Груевски во Старо Нагоричане

Во општината Старо Нагоричане функционираат  канцеларија за социјални работи, биро за вработување,  формирана е територијална противпожарна единица која со позајмено возило од Куманово и со 10 пожарнири засега успешно се справува со пожарите во овој регион, а за десетина дена ќе биде отворена и канцеларија за поднесување барања за субвенции, рече градоначалникот Милован Стојковски при посетата на општината од премиерот Никола Груевски.
 -Освен два асфалта во Младо Нагоричане што ги реализиравме, третиот е Никуљане- Челопек и…

Read More

И денеска протестираа жителите на Режановце

Изградбата на пругата од Коридор 8 кај селото Режановце четврти ден стои во место. Мештаните и денеска протестираа и не дозволуваат да се извршувааат градежните работи на терен додека надлежните не ги исполнат нивните барања, поправка на се она што тешката механизација на фирмата- подизведувач го уништила во селото откако започна изградбата на Коридор 8 .
-Нема да попуштиме нека дојдат на лице место да видат дека асфалтот е оштетен, на почеток на селото шахтата не…

Read More

Богата продукција на уметнички дела

Уметниците кои се дел од меѓународната ликовна колонија карпино 2015 работат во полна пареа. Петнаесетина дела веќе се готови, а повеќе од 20 се започнати. Творат на слободна тема, со комбинирана техника. Задоволни се од организацијата на домаќинот, Мултимедијалниот центар Карпино.
-Одбив многу колонии, бидејќи немам  време многу сум зафатен, но овде дојдов со радост бидејќи оваа колонија ми е многу драга. Јас сум истражувач, користам комбинирана техника, влегувам во сите сфери во сите димензии, за…

Read More

8 Септември ќе се одбележи на спомен –Костурница

Денот на независноста на Македонија 8 септември, Општина Куманово ќе го одбележи на спомен костурницата. Секторот за култура и спорт по повод државниот празник ќе превземе повеќе активности.
На спомен костурницата со почеток во 11 часот сите основни, средни училишта, јавни претпријатија, јавни установи,  невладиниот сектор, државните институции кои се поканети да го празнуваат празникот,   ќе положат свежо цвеќе пред паднатите борци од НОВ, нормално и на борците кои што го дадоа животот за денешна слободна…

Read More

Протестираат жителите на Режановце

Жителите на селото Режановце утрово ја запреа работата на градежната фирма, подизведувач која работи на изградба на пругата од Коридор 8, која поминува низ селото. Неколку часа протестираа мештаните на влезот на селото чекајќи да дојдат надлежните да ги сослушаат нивните барања. Според нив, откако почнала да се гради пругата тешката градежна механизација го уништила асфалтот,  пропаднал малиот мост на влезот на селото  поради што сообраќајот се одвива само по едната лента што претставува опасност…

Read More

Кумановци редовно плаќаат даноци

Кумановци се редовни плаќачи на данокот на имот. Годинава наплатата  оди малку побавно бидејќи општината задоцни со издавање и дистрибуција на решенијата за 2015-та година велат од Секторот за администрирање приходи. Сите оние граѓани кои што не ги добиле решенијата може да се јават во Општина Куманово, а во меѓувреме и службите се на терен .
-Се  надевам дека крај на септември евентуално октомври веќе ќе бидат доставени така што ќе се зголеми и самата наплата…

Read More

Зголемена употреба на лекови за смирување

Апчињата  за смирување се на второ место по употреба, по лековите за  висок притисок, покажуваат статистичките податоци на  фондот за здравствено осигурување на ниво на државата за период од шест месеци. Најкористен лек е диазепамот за кој од јануари до јули биле реализирани 502 илјади рецепти , што е за 90 илјади повеќе од лани.  И кумановските фармацевти потврдуваат дека  диазепамот најчесто се користи, а по него  е лексилиумот. Тие додаваат дека освен лекови за…

Read More

Од недела намалување на температурите

Куманово денеска и утре ќе биде во портокалова фаза, а температурите ќе достигнат до 38 степени целзиусови.  Метеорологот, Борис Секирарски истакна дека вакви високи темепратури во септември биле забележани и во минатото. Тој потсети дека во далечната 1946 година во Демир Капија биле измерени околу 40 степени целзиусови.
-Исто поблизок септември со вакви високи температури сме имале 2008 година на повеќе места биле достигнати максимуми во месецот септември во дотогашниот период. Македонија вчера и денес во…

Read More
1 904 905 906 907 908 920