Карате клубот „Ронин Доџо“ освои шест медали на Државниот карате натпревар „Трофеј Македонија 2026“, кој се одржа на 14 ноември во организација на Карате федерацијата на Македонија. Каратистите на клубот остварија одлични резултати во конкуренција со натпреварувачи од целата држава, освојувајќи три златни, еден сребрен и два бронзени медали.
Највисокото место на пиедесталот го освоија Емил Миленковски во категоријата кати пионери, како и Стефан Ѓорѓи Николовски и Адријан Таневски во категоријата кати надежи.
Сребрениот медал го освои Јована Младеновска во кати, додека со бронзени одличја се закитија Алексеј Александровски во категоријата пионери и Костадин Пановски во категоријата надежи. Иако овојпат не стигнаа до медали, кадетите Кирил Младеновски, Дамјан Стојановски и Петар Митковски имаа одлични настапи и достојно го претставија клубот. Натпреварувачите настапија под водство на тренерот Оливер Милорадовски.