о демократска атмосфера, без поголеми проблеми помина изборниот ден во Куманово и Старо Нагоричане. Во вториот изборен круг функционираа и терминалите за отпечаток на прст.
Општинската изборна комисија и Секторот за внатрашни работи, потврдија дека не се евидентирани нерегуларности.
Во Куманово се гласаше на 167 избирачки места, а право на глас имаа вкупно 93.986 граѓани.
Кумановци посочија дека од идниот градоначалник очекуваат да овозможи подобри услови за живот во градот.
Иако ОИК и СВР Куманово не забележаа инциденти, здружението ЦИВИЛ информираше за неколку изборни неправилности, меѓу кои надминување на овластувања на партиските набљудувачи, помагање при гласање, семејно гласање и слично.
И здружението Инклузива од Куманово јави за изборни прекршоци, меѓу кои и за фрлени паравани за гласање на лица со попреченост, недостиг на шаблони и граничници за слепи лица, како и непристапност до гласачките места.