„СТОП за родово базираното насилство!” е насловот на трибината која во организација на советничката група на СДСМ и коалицијата се одржа вчеравечер во Куманово.
Споделувајќи факти, аргументи и дилеми, советниците и невладините активисти го изразија својот протест за се’ уште честите примери на родово базирано насилство’ и фрапантно големиот број на фемициди дома и во светот.
„Во светот на секои 10 минути една жена е убиена во својот дом, се случува фемицид, најчесто од некој близок- интимен партнер или член на семејството, сопруг, татко, свекор, дедо. Отприлика стотина во еден ден, а глобално во 2023 година се убиени 51.700 жени, не зборуваме за претепани или злоставувани, туку убиени во сопствениот дом. Некогаш се случуваат во афективна состојба, но најчесто се резултат на долгогодишни нарушени односи или семејно насилство“, рече Атина Мургашанска, советничка во советот на општина Куманово
Борејќи се со предрасудите, економската (не)зависност на жените и девојчињата, менталитетот, единствен пат е перманентна едукација на популацијата и безрезервната поддршка на жртвите , потенцираа присутните на трибината „Стоп за родово базираното насилство“ со која советничката група на СДСМ и коалицијата се приклучи на глобалната кампања „16 дена активизам во борба против родово базирано насилство“.