Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3,00 ден/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ и на Мазутот не се менуваат. Од полноќ моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95, ќе чини 90,50 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98- 94,50 (денари/литар), ЕУРОДИЗЕЛ – 99,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно – 93,00 (денари/литар) и Мазут – 50,067 (денари/килограм).