Во духот на солидарноста и општествената одговорност, компанијата Бучен Козјак донираше 1 милион денари за помош на настраданите во Кочани.
Средствата се уплатени на сметката на Стопанската комора на Македонија, која ја организира оваа хуманитарна акција.
„Во овие тешки моменти, најважно е да бидеме заедно и да си помагаме. Веруваме дека со заеднички сили ќе им помогнеме на оние на кои им е најпотребно“, стои во објавата на Бучен Козјак.